Почетна » Новости » Занимливости » Подарувајте прегратки! Денес е Светскиот ден на прегратката

Подарувајте прегратки! Денес е Светскиот ден на прегратката

Прегрнавте некого денес? Не чекајте и започнете да делите топли и искрени прегратки.

Денес се празнува светскиот ден на прегратката, неофицијален празник кој започнал да се одбележува во САД во 1986 година, а денес е прифатен од многу држави низ светот. Датумот 21 јануари бил избран бидејќи е на средината помеѓу Божиќ (католички) и Св. Валентин, кога се смета дека луѓето се подепресивни и емотивно истоштени.

Прегратка

Со прегратка можете да израдувате буквално секого. Правејќи круг со рацете околу драга личност вие испраќате најразлични пораки за љубов, пријателство, грижа, утеха, поддршка, благодарност...

Светскиот ден на прегратката е шанса да му покажете на светот дека мирот започнува токму од вас.

Велат дека најдобрите мали задоволства во животот се бесплатни. Прегратката дефинитивно е еднo од нив, па не се воздржувајте и обвијте ги рацете околу некого.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.