Почетна » Новости » Занимливости » „Подарокот“: Божиќната реклама на Дизни за девојче во чие семејство доаѓа ново бебе

„Подарокот“: Божиќната реклама на Дизни за девојче во чие семејство доаѓа ново бебе

Дизни ја објави празничната реклама која исполнува со божиќна магија и потсетува на вредноста на семејството и важноста на фамилијарните традиции.

Во видеото, се раскажува приказна за девојче во чие семејство доаѓа нов член. Малата Ела постојано се обидува да го привлече вниманието на својата бремена мајка и заедно да ги продолжат божиќните традиции, но е спречена поради бебенцето кое треба да се роди.

Ела е тажна поради сето тоа, но нејзиното братче Макс ѝ помага да го преброди овој период.

Кога бебенцето ќе пристигне дома, Ела нема да остане рамнодушна и веднаш ќе му ја подари својата омилена играчка.

Видеото е продолжение на рекламите од 2020 и 2021 година на Дизни.

Преку првата кратка приказна, публиката се запознава со Никол и нејзината баба Лола. Секоја година пред Божиќ, тие создаваат фенери во форма на ѕвезда, додека омилената играчка на Лола од детството постојано е покрај нив. Но, со текот на годините, како што внуката расте, нивниот ритуал започнува да избледнува. Еден ден, пораснатата девојка одлучува да ја изненади баба си, создавајќи ѕвездени фенерчиња како украси во нејзиниот дом, а на крајот ѝ ја подарува омилената играчка Мики Маус.

Во второто кратко видео „Очувот“ (The Stepdad), Никол веќе е млада мајка на две деца, Макс и Ела. Таа има нов партнер, Мајк, кој официјално влегува во нивното семејство.

Грижливиот очув дава сè од себе за да ги зачува традициите кои децата ги имале со нивниот биолошки татко.

Во третото видео, кое е последно од трилогијата, се раѓа првото заедничко дете на Никол и Мајк.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.