Почетна » Новости » Занимливости » „Подари насмевка“: И познатите дел од хуманитарната акција на Стопанска банка

„Подари насмевка“: И познатите дел од хуманитарната акција на Стопанска банка

Хуманитарната акција на Стопанска банка „Подари насмевка“ полека ги освојува срцата и на познатите личности кај нас. Желбата да се соберат што повеќе насмевки, со што Стопанска банка ќе донира што повеќе средства во детските здравствени центри низ Македонија, не ги остави рамнодушни радиските водителки Елена Стојановска Јанковска (Радио „Слободна Македонија“) и Даниела Станоевска Џидрова (Антена 5 радио).

Поддршката која тие ја дадоа на оваа акција е со цел да придонесат да се зголеми бројот на насмевки и воедно да ги повикаат и поттикнат и останатите луѓе кои тоа сѐ уште не го направиле да им се приклучат: „Верувам дека со оваа акција сите заедно ќе успееме да израдуваме многу дечиња и нивните родители со тоа што ќе се купи што посовремена опрема за дијагностицирање на многу болести и нивно успешно лечење. Како мајка на две дечиња, Миа и Максим, би била уште посреќна доколку се овозможи што пософистицирана опрема во Детските здравствени домови. Подарете насмевка за да собереме еден милион насмевки за подобро утре на сите деца“ – вели Дени.

Подари насмевка

Како мајка на малечката Илина, и Елена Стојановска Јанковска не остана рамнодушна на повикот: „Нема ништо поубаво на светот од тоа да видите здраво, разиграно, палаво дете кое ќе ви се насмее и ќе ви даде зелено светло да го гушнете. Нема ништо поскапоцено од малите рачиња што ќе ве погалат, нежното гласче кое ви поставува прашања кои и самите не знаете да си ги одговорите. Имам само една желба, здрави деца кои не знаат за болка, за разочарување, за несреќа. Да им помогнеме на суштествата кои ни даваат причина за постоење, причина за живот, да се насмевнеме за малите луѓе, ВЕДНАШ!“

Подари насмевка

Акцијата „Подари насмевка“ ќе трае во текот на целото лето, во неа може да се вклучи секој хуман граѓанин кој има желба да помогне и тоа со едноставно подарување на својата насмевка. Донацијата на насмевка е многу едноставна! Потребно е само да ја посетите Facebook фан страницата на Стопанска банка, да ги следите упатствата, и да креирате или да прикачите своја постојна фотографија како се насмевнувате.

Бројот на насмевки кои едно лице може да ги подари е неограничен, а колку повеќе насмевки се соберат, толку повеќе средства Стопанска банка ќе донира во детските здравствени центри низ Македонија.

Насмевка може да се дарува и на веб-банерите поставени на најпосетуваните интернет страници, преку фото-патролите низ Македонија или пак на фото-тотемите поставени во филијалите на Стопанска банка. Треба само да се следат упатствата испишани на екранот и едноставно да се насмевнете со вашата најубава насмевка.

Да помогнеме во обезбедувањето нова опрема во детските здравствени домови.

Заедно да собереме еден милион насмевки!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.