Почетна » Новости » Занимливости » Подарете бакнежи: Денес е Светскиот ден на бакнувањето

Подарете бакнежи: Денес е Светскиот ден на бакнувањето

Време е за прослава на Светскиот ден на бакнувањето. Неофицијалниот празник е мало потсетување за задоволството кое се крие зад бакнежите.

Исто како и снегулките, секој бакнеж е различен и е рефлексија на уникатен микс од чувства, мисли, намери... Бакнувањето е универзален јазик кој сите го разбираме.

Бакнеж

Цитати за бакнувањето

„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое го заслужува.“
Albert Einstein

„Ја бакнав мојата прва девојка и ја испушив мојата прва цигара во ист ден. Оттогаш немам време за тутун.“
Arturo Toscanini

„Бакнежот е прекрасен трик создаден од природата за да го сопре говорот кога зборовите се излишни.“
Ingrid Bergman

„Каде треба да се нанесува парфемот? – праша една млада девојка. Таму каде што личноста сака да биде бакната – реков јас.“
Coco Chanel

„Античките љубовници верувале дека бакнежот буквално ќе им ги соедини душите, затоа што сметале дека духот живее во здивот.“
Eve Glicksman

„Бакнежите се како солзи, вистински се само оние кои не можеш да ги задржиш.“
Анонимен

„Бакнувањето е како пиење солена вода. Пиеш, а жедта ти се зголемува.“
Кинеска поговорка

„Еден бакнеж може да уништи човечки живот.“
Oscar Wilde

„Украдените бакнежи се секогаш најслатки.“
Leigh Hunt

„Зошто еден маж е толку сигурен дека девојката која флертува со него посакува тој да ја бакне, кога во девет од десет случаи таа само посакува тој да сака да ја бакне?“
Helen Rowland

Бакнеж

Интересни факти за бакнувањето

  • Бакнувањето делува како дрога врз нашето тело.
  • Просечниот човек поминува 15 дена од својот живот во бакнување.
  • Најголем дел од луѓето се сеќаваат на повеќе детали од својот прв бакнеж отколку од своето прво сексуално искуство.
  • Додека се бакнуваат, повеќето луѓе ја навалуваат главата на десната страна.
  • Мажите кои ги бакнуваат своите сопруги наутро живеат 5 години подолго од оние што не ги поздравуваат со бакнеж.
  • Страсниот едноминутен бакнеж согорува до 26 калории.
  • Двојно повеќе мажи од жени би имале секс со лице кое лошо се бакнува.
  • Страсните бакнежи го покачуваат крвниот притисок, го забрзуваат ритамот на срцето и ја зголемуваат возбудата, што ве носи поблиску до оргазам.
  • Усните се стотина пати почувствителни од врвовите на прстите и имаат милиони нервни завршетоци кои ја стимулираат желбата за повеќе и повеќе бакнежи.
  • Бакнежот помага да се релаксирате и ги намалува негативните ефекти од стресот.
  • Просечна жена бакнува 29 мажи пред да стапи во брак.
  • Брзиот бакнеж активира само два мускули, но страсниот француски бакнеж активира 34 мускули од вашето лице.

Независно од тоа дали ќе подарите сензуален танц „усни на усни“ кој го забрзува срцето или пак нежно ќе бакнете нечиј образ или чело, не штедете ги усните. Бидете подарежливи со бакнежите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11998 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.