Почетна » Новости » Занимливости » Победнички фотографии од породувања ја покажуваат радоста при раѓањето нов живот

Победнички фотографии од породувања ја покажуваат радоста при раѓањето нов живот

Сè повеќе родители ангажираат професионални фотографи за да ги овековечат моментите на раѓањето на нивните деца. Многумина тврдат дека идејата е да ги охрабрат жените и да им покажат дека нема ништо страшно во раѓањето бебе, како и да започнат поширок разговор за убавината на различните видови породувања.

Австралискиот институт на професионални фотографи ги избра најдобрите фотографии од породувања.

Минатогодишната победничка Селена Роласон повторно се најде на првото место. Талентираната фотографка, која е мајка на три деца, вели дека фотографиите им помагаат на мајките да го анализираат своето искуство.

„Мозокот е нешто кое во голема мера не можеме да го контролираме. Фотографиите од тие искуства им помагаат на жените кои имале трауматичен процес на раѓање да сфатат што се случило и да погледнат на тоа на позитивен наместо на негативен начин. Фотографиите не само што им покажуваат на жените колку се силни, туку му помагаат на општеството да разбере дека породувањето е убаво, а не страшно. Би сакала да видам промени во општествените перцепции дека раѓањето дете е нешто грозно. На крајот на краиштата, моите фотографии покажуваат дека не е“ – вели Селена.

Породување Породување ПородувањеПрочитајте ја приказната зад оваа фотографија тука. Породување

На второто место на најголемиот натпревар за професионални фотографи во Австралија се најде фотографката Викторија Берекмери, а зад неа се смести Рана Ранкин.

Викторија Берекмери

Породување Породување Породување Породување

Рана Ранкин

Породување Породување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.