Почетна » Новости » Занимливости » По 19 години брак, на денот на разводот, маж ѝ прати на сопругата букет со кратка порака и допре до илјадници лица

По 19 години брак, на денот на разводот, маж ѝ прати на сопругата букет со кратка порака и допре до илјадници лица

Девојка сподели мил гест на нејзиниот татко и допре до срцата на илјадници лица. Морган Лин објави дека нејзиниот татко ѝ пратил букет на нејзината мајка на денот кога бил финализиран нивниот развод.

Заедно со омилените цвеќиња на мајка ѝ, стоела и пораката „Always gonna be you“ (Секогаш ќе бидеш ти).

17-годишната девојка била трогната од милиот подарок, кој подоцна освои стотици илјади интернет корисници. Нејзините родители биле во брак 19 години.

„Никогаш не сум плачела толку многу заради 4 едноставни збора“ – пишува таа.

Морган Лин Морган Лин

Објавата на Морган досега има над 77 илјади ретвитови и 230 илјади лајкови. Откако стана вирален хит, таа искоментирала: „Верувам дека сите гледаат вистинска љубов преку тој твит.“

Родителите на МорганРодителите на Морган Морган ЛинМорган Лин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12006 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.