Почетна » Новости » Занимливости » Писмо од бебе до неговата мајка: „Мамо, фала што ме доиш“

Писмо од бебе до неговата мајка: „Мамо, фала што ме доиш“

Доењето е најдобриот подарок кој секоја мајка може да му го даде на своето дете, особено во првите месеци од неговиот живот. Мајчиното млеко не само што им носи куп здравствени придобивки на бебето и на мајката, туку и ја засилува нивната љубов и ја продлабочува поврзаноста.

Србинката Марија Тараба, „искусна мајка и советничка за лактација со меѓународен сертификат“, напиша прекрасно писмо кое ги разнежнува мајките. Што би ви рекло вашето бебе кога би можело да зборува?

Доење

Драга мама,

Фала ти многу што ме доиш. Веројатно и самата веќе знаеш колку е твоето млеко најдобро за мене.

Уморна си и по малку лута, бидејќи грижата за мене изгледа доста тешка. Пред да се откажеш, ќе се обидам да ти го објаснам моето однесување. Можеби тогаш ќе се чувствуваш подобро.

Ако по пораѓањето ме одвоија од тебе, ќе ми треба повеќе време да си го повратам својот инстинкт и да започнам правилно да цицам. Можеби изгубив на тежина додека бевме во болница. Знај мамо, јас секогаш ќе ти кажувам кога сум гладен за да добијам што повеќе од твоето млеко, дури и ако изминале само 5 минути од последниот пат кога цицав! Можеби баба ми ќе ти рече „Само што јадеше, сигурно е гладен.“ Но мама, јас сум многу мал и не можам побрзо! Сега ми се потребни 20 минути за да добијам само 5ml од твојот колострум кои многу ми значат!

Но мамичке, сè е во ред! Не постои место каде што би сакал да бидам повеќе отколку во твоите раце, да го слушам твојот глас и да те мирисам, дури и ако не си се избањала откако сум роден. За мене си највкусното и најпрекрасното суштество. Нема многу начини на кои можам да ти кажам што сакам. Можам да плачам и можам да цицам. Не можам многу да гледам, но можам многу да почувствувам. Чувствувам како ме ставаш на своите гради мамо, и тогаш сум најсреќен.

Можеби те збунува тоа што сакам да цицам по цел ден и цела ноќ. Но мама, јас не голтам цело време. Јас вежбам за да станам посилен и истовремено ја забрзувам твојата „фабрика за млеко“ кое за мене има подобар вкус од сладолед!

Ако ми понудиш шише, јас ќе исцицам сè што има во него, бидејќи поинаку не знам. Моето стомаче е мало и на твоите гради можам да застанам кога и да посакам.

Мама, кога цицам јас подобрувам и два важни хормони пролактин и окситоцин. Овој вториот е одговорен за твојата безрезервна заљубеност во мене! Постојат само три настани во твојот живот кога се лачи овој хормон со чуден назив – во текот на моето раѓање, во текот на моето создавање (поточно за време на оргазам!) и кога цицам. Можеби ти звучи чудно што како бебе ова го знам, ама мамо, мене ми е важно ти да бидеш среќна и затоа сакам да направам сè што можам за да ти дадам што повеќе од овој прекрасен хормон.

Мамо, знам дека го сакаш само најдоброто за мене и дека понекогаш си загрижена дали имаш доволно млеко за мене. Можеби започнуваш да се сомневаш во своето тело. Но, јас знам дека ти го можеш тоа. Дозволи да бидеме заедно цел ден и цела ноќ, неразделни и јас ќе го направам сето млеко кое ми е потребно. Јас ги сакам и баба и тато и сите останати кои доаѓаат да ме видат, ама најсреќен сум кога сум со тебе! Сакам да го слушам твоето срце додека спијам, така си топла и мека и мирисаш најубаво на светот.

Местото помеѓу твоите гради е место каде што можам да го спуштам своето главче и да го почувствувам допирот на твојата кожа.

Сакам и кога ме доиш лежејќи покрај мене. Чувствувам дека си релаксирана, млекото толку лесно тече и знам дека тогаш не брзаш да ме надоиш побрзо и да заминеш од мене.

Мамо, знам дека беше многу активна пред да се родам. Одеше во кино, во ресторан, ги посетуваше пријателите. Знам дека сега ти се чини дека во скоро време нема повторно да го правиш тоа. Можеби станот ни е хаос, можеби садовите не се измиени со денови...

Но мама, јас ќе ти ветам нешто. Не можам да ти кажам кога ќе се случи, но ќе дојде ден кога многу помалку ќе имам потреба од тебе. Моето цицање ќе стане поретко и побрзо, ќе започнам и да спијам сам во креветчето. Ќе уживам и ќе ми се допаѓа кога и некој друг ме држи. Ќе научам и сам да заспивам и да зависам помалку од тебе.

Ама денес мамо, ти најмногу ми требаш. Се надевам дека мојата љубов кон тебе, која уште не умеам да ја покажам, ќе ти биде доволна за да ги издржиш овие напорни први денови!

Твоето бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.