Почетна » Новости » Занимливости » Пензионирани жени од Канада прават прекривки кои им ги донираат на бегалци од Украина

Пензионирани жени од Канада прават прекривки кои им ги донираат на бегалци од Украина

Добродушни жени од Канада го користат својот талент за да им помагаат на бегалци од Украина.

Волонтерите, од кои повеќето се пензионирани жени, неуморно работат за да им понудат топло добредојде на лицата кои пристигнуваат во канадската покраина Манитоба. Тие создаваат прекривки кои подоцна им ги донираат на оние кои оставиле сè зад себе и го напуштиле домот само со неколку парчиња облека.

Оваа иницијатива била поттикната од Маурин Кар, која откако слушнала за ситуацијата во Украина, сакала да помогне на некаков начин. Таа објавила повик за акција на Facebook и била изненадена од одзивот.

Уште во првите денови се пријавиле 15-20 волонтери, од кои дел шијат, а дел ги пеглаат и складираат јорганите и прекривките.

Жени прават прекривки Жени прават прекривки

„Тие немаат ништо. Ова ќе биде нешто кое ќе им припаѓа нив“ – изјавила Маурин. „Кога ќе гледаат телевизија или читаат книга, ќе го имаат овој прекривач за да го завијат околу нив и да знаат дека има некој кој се грижи“ – додала таа.

Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки

„Добредојдовте во Канада. Ние се грижиме“ – пишува на парче ткаенина кое го зашиваат на прекривките.

Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки Жени прават прекривки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.