Почетна » Новости » Занимливости » Пасија кон италијанската кујна

Пасија кон италијанската кујна

Љубопитноста е составен дел од човечката психологија. Пасијата кон откривање нови нешта е присутна во сите сфери од животот, вклучувајќи ја и храната, што секојдневно нè тера да експериментираме со нови вкусови и начини на подготовка. А италијанската кујна го овозможува токму тоа – можност за откривање на најразлични видови хармонија на префинети вкусови, заради вниманието и љубовта со кои е подготвена секоја состојка која нѝ доаѓа од Италија. Тестенини со зеленчук, со печурки, со кромид и црвен сос, рижото на сите можни начини, со месо, со пиперка... Најверојатно затоа сите ние сме маѓепсани од италијанските специјалитети.

Италијанска кујна Италијанска кујна

Од неодамна во Македонија нѝ се достапни производи кои се 100% италијански, направени и произведени во заштитено италијанско географско подрачје, од компании кои користат 100% италијански состојки.

Тестенините на Pastificio Dei Campi, нѝ доаѓаат од Грањано и се плод на заедничка визија, сплотени идеи и вредности на младите челенови на фамилијата Di Martino, сопственици на фабриката Pastificio DI MARTINO која постои од 1912 година. Оваа фабрика е создадена врз темелите на желбата да се произведат тестенини со највисок квалитет кои ќе бидат израз на една традиција и една територија, но истовремено ќе бидат иновативни и во чекор со времето. За нивно производство се употребува 100% италијанско жито, се користи Антички тригодишен систем на култивација на житото, се употребува вода исклучиво од изворот Монте Латари (Грањано), се користат бронзени калапи за сите форми и се сушат природно. Доказ за квалитетот на овие тестенини е сертификатот I.G.P. (Indicazione geografica protetta). Компанијата, која се наоѓа на едно навистина магично место, произведува само 3000кг тестенини дневно, со што се издвојуваат како тестенини во лимитирано издание наменети за гурмет публиката која знае да ја вреднува италијанската кулинарска уметност.

Италијанска кујна

Квалитетните тестенини го достигнуваат врвот на вкусот во комбинација со добар сос. Тука настапуваат производите Robo le Selezioni кои се познати како најдоброто од италијанската гастрономска традиција. Одбрани состојки и рецепти со што му се овозможува на потрошувачот максимално уживање во палетата на вкусови. Robo “Le Selezioni” е посветена на сите гурмани, на љубителите на добрата храна кои не сакаат да се откажат од здравата исхрана и стил, дури и тогаш кога ја одбираат практичноста на готовите состојки. Направени само со италијански производи со заштитено потекло, подготвени според традиционални рецепти, тие се совршено избалансирани за да се истакне богатството на вкусови.

Освен тестенините, од Италија нѝ доаѓаат и специјалитети со ориз, како храна која се подготвува лесно и може да се користи во секоја комбинација. Особено ја користат оние кои водат здрав и нутритивен живот. Врвните италијански готвачи го издвојуваат Riso Buono како крал на оризот. Со органолептичкиот и нутритивен квалитет, оризот произведен во Casalbeltrame од компанијата La Mondina, ја има на своја страна долгата традиција. Традиција која почнува од крајот на XVII век кога благородничката фамилија Gautieri од Ница се преселува во Новара и започнува со одгледување на ориз според антички методи со кои се зачувува нутритивната вредност и се достигнува совршенството. Традиција која со наследство преминува прво на маркезите Cuttica di Cassine а од нив на денешните сопственици - бароните Guidobono Cavalchini. Традицијата станува водечка сила споена со посветеноста на генерациите, љубовта кон природата и сопствената земја, со труд да се постигнат највисоките нивоа на квалитет и со амбиција да се задоволат вкусовите на пребирливите конзументи.

Италијанска кујна

Карнароли е ориз со средно-долго зрно карактеризиран со висок процент на содржан скроб, што го прави зрното цврсто, компактно и оптимално отпорно на варење. Овој тип на ориз е познат како најдобриот по квалитет меѓу италијанските типови на ориз.

Артемиде оризот е резултат на природно вкрстување на ориз Венере и ориз Индика. Ароматичен ориз со природна црна боја. Оризот Артемиде има интензивна и пријатна арома, а зрното е долго и правилно. Богат е со железо и селен, кои се познати по нивните антиоксидантни својства.

Ако до сега не огладневте, сигурни сме дека барем успеавме да ја поттикнеме вашата желба за експериментирање со италијанската кујна. Состојките кои ви се потребни можете да ги најдете во Delicatesen Tinex и наскоро во продажниот салон на ИТА Бренд во Центар позади Млин Балкан.

ИТА Бренд се официјални застапници на Attibassi, Pastificio dei Campi, Pasta Di Martino, Riso Buono, Robo, Arthemia, Toschi. За повеќе информации погледнете на www.itabrand.com.mk и на Facebook страната www.facebook.com/eatalian

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.