Почетна » Новости » Занимливости » Пар живее како во 30-тите години, има уникатен винтиџ стил и се дистанцира од технологијата

Пар живее како во 30-тите години, има уникатен винтиџ стил и се дистанцира од технологијата

Кога ќе ги видите Рут Шили и Роберт Остман можеби ќе ви се чини дека сте отпатувале во минатото.

Рут Шили и Роберт Остман

Двајцата партнери, кои неодамна се верија, ја споделуваат љубовта кон животот од минатото или поточно кон животот во 30-тите и 40-тите години. 28-годишната девојка и 27-годишниот маж од Англија имаат винтиџ стил на облекување, возат винтиџ автомобил и велосипеди, не поседуваат ТВ и слушаат музика на грамофон. Нивниот дом исто така е декориран во винтиџ стил.

Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман

Овој начин на живот најмногу им одговара на Рут и Роберт, кои велат дека се постојано присутни во моментот и дека не дозволуваат технологијата да им го одвлекува вниманието.

„Во нашето слободно време пешачиме, разговараме или Роберт готви, а јас му помагам. Имаме многу оригинални книги со рецепти кои се интересни од историска гледна точка. Слушаме музика и танцуваме или возиме на нашите оригинални винтиџ велосипеди“.

„Нашиот вкус за музика можеби е старовремски, но ни се допаѓа. Двајцата имаме паметни телефони, бидејќи се корисни за да ги одржуваме контактите со луѓето кога сме сами. Но, Роберт веднаш би се откажал од него.“

„Овој начин на живот најмногу ни одговара и е добар за нашата врска. За нас функционира, бидејќи сме постојано присутни во моментот, а не сме зависни од Netflix или од нашите телефони“ – објаснува Рут.

Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман

За љубовта кон старите нешта Роберт вели:

„Мајка ми собираше многу старудии, па мислам дека почитта кон нив дојде од неа. Обожавам и стари филмови и ги гледав со мојата баба. Во денешно време, посетувам многу музеи за да научам историја. Кога сум во историска облека, се чувствувам правилно“.

„Едноставно јас сум каков што сум и се обидувам да претставам една генерација од минатото“.

Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман

Љубовта кај Рут се родила подоцна во животот.

„Бев машкуданка до 16-годишна возраст. Мислев дека едноставно не ме интересираат алиштата или шминката и дека тоа е во ред. Тогаш, на еден настан, пробав шминка од четириесеттите години и открив дека навистина ми се допаѓа како стои на мене, а тоа ме обзеде како ништо друго што сум го пробала дотогаш. Сè започна оттаму, шминката, облеката и косата. Додека да наполнам 21 година јас стоев на модниот правец на кој стојам и сега“ – вели Рут.

Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман

„Луѓето обично уживаа да нè гледаат облечени на овој начин. Честопати зјапаат во нас, но најчесто тоа е на позитивен начин. Понекогаш нè запираат за да се фотографираат со нас, особено кога сме излезени заедно. Кога ќе одам на некоја забава, децата понекогаш ме застануваа на улица за да ме прашаат дали одам на бал, што е неодоливо. Понекогаш им велам ‘Да’ само за да ја видам возбудата на нивните мали лица“ – додава таа.

Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман Рут Шили и Роберт Остман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11347 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.