Почетна » Новости » Занимливости » „Очувот“: Божиќната реклама на Дизни го буди празничниот дух и ја доловува важноста на семејните традиции

„Очувот“: Божиќната реклама на Дизни го буди празничниот дух и ја доловува важноста на семејните традиции

Важноста на семејните традиции и вредности е одлично прикажана во новата божиќна реклама на Дизни.

Видеото ја следи приказната за млада мајка Лола, нејзините две деца Макс и Ела и нејзиниот нов партнер Мајк, кој официјално влегува во нивното семејство.

„Очувот“ (The Stepdad) дава сè од себе за да ги зачува традициите кои децата ги имале со нивниот биолошки татко.

„Во срцето на приказната е многу посебна книга со приказни – скапоцен предмет кој му е подарок на Макс од неговиот биолошки татко. Книгата ја слави моќта на раскажувањето приказни и како тоа може да ги продлабочи семејните врски“ – пишуваат од Дизни.

Оваа реклама на Дизни е продолжение на минатогодишната реклама за Никол и нејзината баба Лола. Потсетете се на видеото:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11367 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.