Артистката Венг Чен создаде забавни илустрации за шопингот на жените. Преку цртежите од типот „очекувања vs. реалност“ таа прикажува како припадничките на понежниот пол понекогаш паѓаат во замки при купување на нова модерна облека, која честопати знае да биде непрактична.











На дел од илустрациите, таа доловува зошто да не купувате облека кога сте гладни или кога сте изгубиле неколку килограми.
„Зошто не треба да купувате облека кога сте гладни?“
„Ако некогаш сте сакале да ослабите, сигурно ја имате слушнато фразата: ‘Не одете на пазарување во супермаркет кога сте гладни‘. Но јас морам да ви кажам уште едно важно нешто. ‘Не купувајте облека кога сте гладни‘“.
„Бидејќи кога сте гладни, може да ви се направи илузија: Јас ослабев“.
„Овие стрипови се за стапиците во кои паѓам кога сум гладна“ – стои во постот на артистката на Facebook.















