Почетна » Новости » Занимливости » Официјално: Енрике Иглесијас на 20 јуни ќе одржи концерт во Скопје

Официјално: Енрике Иглесијас на 20 јуни ќе одржи концерт во Скопје

Авалон најавува голема концертна сезона во Македонија. Откако беше објавено дека Дејвид Гета и Робин Шулц ќе ја забавуваат македонската публика на 5 јуни, а Џон Њуман ќе одржи концерт на 21 јуни, денес и официјално беше потврдено дека во Скопје ќе настапи и Енрике Иглесијас.

Енрике Иглесијас

„Огромно задоволство ни е да ве информираме дека Авалон продукција продолжува со објавата на големи и значајни музички настани оваа сезона во Македонија. Во рамки на историското концертно лето во Македонија, ќе се случи еден концерт којшто навистина со право ги носи префиксите Историски и Суперексклузивен.“

„Концертот на Енрике Иглесијас во Скопје кој ќе се одржи на 20 јуни во СЦ „Борис Трајковски“ е историски, затоа што за прв пат во Македонија доаѓа пејач којшто е од А листата на светски изведувачи, а суперексклузивен е затоа што капацитетот на салата во СЦ „Борис Трајковски“ (само 8000 карти ќе бидат пуштени во продажба) е убедливо најмал од сите простори кои Енрике во последниве десетина години настапувал низ светот.“

„Цените на влезниците за овој концерт ќе бидат прилагодени според македонскиот пазар и сите детали околу нив ќе бидат објавени во петок во 19 часот.“

„Шпанскиот заводник во Скопје доаѓа во рамките на светската турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум. На македонската публика ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not in Love“, „Hero“. „Tonight“, „Bailamos“, „I like it“..., кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.“

се вели во соопштението од Авалон Продукција

Енрике Иглесијас Дејвид Гета

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12068 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.