Почетна » Новости » Занимливости » Отворено со Жанета Митрушевска: Само со тимска работа можат да се достигнат поголеми и трајни успеси

Отворено со Жанета Митрушевска: Само со тимска работа можат да се достигнат поголеми и трајни успеси

Професионалниот пат на Жанета Митрушевска од Битола е вистински доказ за тоа дека соништата стануваат реалност доколку човек комплетно се вложи себеси во нивната реализација. Од моментот на станување претставник во мај 2006-та година, за неполни 3 кампањи Жанета ја добива титулата Координатор. Во 2012-та година се стекнува со титулата Сениор Менаџер, а со тоа и со одговорноста за раководење со голем број луѓе во тимот, кој во годините кои следат бележи само успеси и завидни резултати.

Од 1-ви јануари 2018-та година, Жанета е на позиција заменик Зонален менаџер на Зона 6, која го покрива регионот на Битола, Охрид, Струга, Кичево, Ресен, Крушево и Македонски Брод.

AvonДипломиран психолог со страст за козметика и водење на тим

Која е Жанета во неколку реченици?

Ж.М.: Жанета е сопруга и мајка, жена подложна на многу трансформации – секогаш кога налагаат потребите. Моите колешки и пријателки ми велат дека сум пример за модерен мултитаскинг. Со своите 49 години, успешно се носам со транзицијата и промените во животот; знам да бидам традиционална домаќинка, откачена тинејџерка или сериозна менаџерка. Всушност, мојата примарна професија – дипломиран психолог, освен во мојата работа со претшколски дечиња и нивните родители, многу ми помогна и во работењето со AVON - и обратно. Открив необичен спој на комбинации кои можам да ги искористам од едната во другата работа и да направам и двете, за мене подеднакво важни работи, да се поуспешни.

Како се одлучи да му се придружиш на големото AVON семејство? Кога се случи тоа?

Ж.М.: Започнав да работам со AVON со намера да обезбедам убави и квалитетни производи за целото семејство. Знаев само дека компанијата нуди козметика и накит, а производите ги добивав на подарок од мојата тетка која живее во Германија. Затоа, далечната 2006-та година, штом слушнав дека AVON започнал со работа и во Македонија, веднаш посакав да станам претставник. Дотогаш, лидерството беше потполно непозната тема за мене, но реалноста ми понуди нешто сосема ново! После само 3 кампањи од моето назначување како претставник потпишав и договор за лидер. Морам да признаам дека многу размислував, а кога конечно ја прифатив позицијата, веќе бев цврсто решена дека морам да успеам. Предизвикот беше огромен да се пробам во работа која не е моја матична професија, но сакав да видам колку можам да постигнам и во други сегменти од работењето надвор од моето образование, а сето тоа да го направам на еден забавен начин каде никој не те ограничува да ги користиш идеите и креативноста во постигнување на целите. За само 6 месеци од моите почетоци со AVON, станав Сениор Менаџер!

Avon

Кои карактерни особини, според тебе, се важни за да може да се биде лидер на зона со над 2500 претставници?

Ж.М.: Да бидеме реални, 2500 луѓе со различни возрасти, карактери, интереси, навики, различен степен на образование и менталитет споени во еден бизнис наречен AVON ни оддалеку не е едноставно да се следат. Прво, лидерот на толку голема група треба да биде добро организиран, да знае да постави приоритети, да има аналитички способности, добро да ги познава приликите и луѓето во зоната со кои соработува, да препознае потенцијал кој ќе го развива. Понатаму, треба да знае да предвиди и спречи ризици, да комуницира со луѓето од тимот почитувајки ги како личности, да е исполнителен, одговорен, способен за донесување одлуки зад кои ќе стои, да е професионален и да има многу знаење за бизнисот, за сето тоа да го спои во остварување на планираните резултати, а сепак да ги направи задоволни и мотивирани партнери и соработници.

Како ти поминува еден типичен работен ден? Како се справуваш со балансот помеѓу семејството и професионалните обврски?

Ж.М.: Секој работен ден ми започнува со утринско кафе кое го пијам со сопругот, за потоа секој да си замине на своето работно место, а моето е пред компјутер каде најпрво проверувам електронска пошта. Во текот на денот, моите работни активности се менуваат – тие може да продолжат во нашата зонална канцеларија или можеби некаде на терен, во зависност од планот за работа. Еден ден во AVON е исполнет со најразлични обврски кои се прават по план и со давање на приоритет на поважните активности, но и со патувања низ зоната по потреба. Најмногу време одзема проследување на резултатите, обуки, процеси, изнаоѓање начини да се подобрат одредени параметри, тим билдинг и мотивација на партнерите и секако, регрутирање на нови партнери и откривање на таленти кои ќе ги развиваме како наши идни партнери и менаџери. Во поглед на балансот помеѓу семејството и работата, тука мојата професија како психолог многу ми помогна, бидејки моите деца од мали ги учев да се самостојни и да не зависат од никого, дури и да исполнуваат дел од обврските во домот. Ова нив ги направи одговорни и самостојни личности, а мене ми ја даде слободата да се посветам и на работата, без грижа дека нема да можат да се снајдат без мене.

Опиши го твојот режим на убавина? Како се негуваш? Кои се твоите омилени козметички производи?

Ж.М.: Позитивната енергија која еден човек ја зрачи и прави сите убаво и опуштено да се чувствуваат околу него според мене е дефиниција за убавина. Не затоа што сум веќе во средни години па повеќе ја ценам внатрешната убавина, туку тоа ми е дел од начинот на живеење, воспитувањето кое ми го дале родителите мене, а јас на моите деца. Ако веќе поседуваме ваква убавина многу е лесно со прекрасните производи од AVON да се постигне совршен баланс на внатрешната со надворешната убавина. Лично имам многу омилени производи, но за редовен режим за нега користам производи од линијата за чистење на лице Nutra Effects, креми од линијата ANEW, шампони од линијата Advance Techniques, но врв на сé што досега сум пробала ми е луксузната линија за нега на тело со скапоцени масла Planet Spa, особено маслата за масажа.

Avon

Кој е парфемот кој моментално го користиш? Дали сметаш дека парфемот е одраз на карактерот на личноста која го носи?

Ж.М.: Најчесто користам парфеми - новитети со цел да ги промовирам на пријателите или можни клиенти (моментално го користам новиот парфем Eve Confidence), но некако постојано се враќам на парфемите со ориентална нота – посебно ми е омилен парфемот ТТА Тomorrow, а во текот на топлите месеци користам и овошни парфеми. Некаде прочитав дека типот на парфем кој го користиш соодветствува на твојот карактер. Можеби има и некоја вистина во тоа или можеби е само прашање на вкус, хаха...

AvonСе радувам и уживам во малите работи, но особено се гордеам на тимските награди и признанија!

Дали имаш некој посебен момент од работењето со AVON на кој си особено горда?

Ж.М.: Сум ги имала повеке. Во принцип, јас се радувам и ми значат мали нешта, но секогаш сум особено горда на тимска награда и признание, а тоа е нашата награда за најголем процент на потврдени лидери во составот во 2013-та година. Оваа награда е и моја лична потврда дека сум работела на вистинскиот начин и дека само со тимска работа можат да се достигнат поголеми и трајни успеси. Вистината е дека во AVON секој работи сам, но никој не е оставен сам на себе. Поддршката е секогаш присутна и безрезервна.

Што според тебе е пресудно за да се постигне успех во работата?

Ж.М.: За успех се потребни многу работи, но како најважни би ги издвоила: мотивот, целта, временската рамка, однапред утврдените начини и методи за работа, работа според стандарди, обуките и процесите, доследноста и упорноста. Од вкупниот состав на претставници секогаш има извесен број кои стануваат топ продавачи - нив ги учиме како да продаваат повеќе и како најмногу да заштедат. Има и такви кои ќе сакаат повеке да заработат – токму тие се нашите идни партнери за работа и потенцијални лидери во структурата. Но, има и претставници кои само сакаат да користат наши производи за себе и семејството, со определен попуст. Убавината на работата е секој од овие сегменти на претставници да е задоволен и среќен и секој да може да одбере опција која му одговара. Но, само оние кои се вистински мотивирани да заработат солидно и се тимски играчи, се најуспешните во ваков вид на бизнис.

Avon

Што би сакала да им порачаш на младите девојки, мајки, жени ... ?

Ж.М.: Јас имам некој природна тенденција да давам совети и да им порачувам нешто на луѓето што би им било од корист, па еве сега ќе ја искористам и приликава...

Младите жени и девојки да се охрабрат да направат прв чекор и да донесат одлука да почнат да го работат овој бизнис. Зошто? Затоа што не се оставени сами, секогаш ќе имаат ментор кој ќе им помага додека не бидат подготвени самостојно да работаат. Она што најмногу сакам да го пренесам како порака е до родителите - да не ги обесхрабруваат нивните деца да почнат сопствен бизнис каде ќе учат и покажат одговорност и самостојност, туку напротив, нека ги поддржат и нека им помогнат во остварувањето на нивните цели. Сé што треба е да веруваат во нив. Само така добивката е обострана. Вака обучени млади луѓе, поддржани од најблиските стекнуваат голема самодоверба, себе-реализација и во принцип се успешни, а со успехот природно доаѓа и солидната заработка.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.