Почетна » Новости » Занимливости » Ослабела драстично зашто ја исмевале ќерка ѝ дека има дебела мајка

Ослабела драстично зашто ја исмевале ќерка ѝ дека има дебела мајка

Ема Дан отсекогаш сакала нејзините деца да се гордеат со неа. Па, кога нејзината 10-годишна ќерка Стефани ѝ се пожалила дека децата ја исмејуваат затоа што има дебела мајка, таа решила дека е време за големи промени.

„Таа дојде дома и ми рече: Мамо, сите на училиште велат дека си дебела. Се почувствував апсолутно мизерно и се чувствував како да ја разочарав. Сакав да бидам мајка со која таа ќе се гордее, а не личност која ќе се крие“ – изјавила Ема.

32-годишната мајка на три деца тежела 152 килограми, но откако ја заменила брзата храна со зеленчук и овошни плодови и започнала редовно да трча, успеала да ја преполови својата тежина.

Ема пред и по големото слабеењеЕма пред и по големото слабеење

Губејќи го вишокот килограми, Ема драстично си го променила изгледот, но и си го подобрила здравјето. Неодамна таа истрчала и мини-маратон. „Ова е доживотна промена. Сега сум многу посамоуверена и повеќе не се кријам. Претходно останував во автомобилот кога ги земав децата од училиште. Гледајќи ги сите тие слаби гламурозни мајки во нивните тесни фармерки, се потсетував колку многу сум се запоставила – бев засрамена“ – признала таа.

Ема со своите три децаЕма со своите три деца

Ема порано носела фармерки број 56 и редовно си купувала по два пара – ги сечела вторите во областа на половината и со парчето ги проширувала првите. Кога започнала видливо да ја намалува тежината, одвреме-навреме одела во продавница и облекувала фармерки број 56 кои претходно ѝ биле тесни. Тоа ја мотивирало да продолжи со слабеењето.

Ема со старите фармерки и ќерка си СтефаниЕма со старите фармерки и ќерка си Стефани

„Понекогаш се враќам во продавниците и ги облекувам големите фармерки. Секогаш кога сум во искушение да си порачам брза храна или да го прескокнам секојдневното трчање, помислувам колку ужасно се чувствував кога ги носев тие фармерки и колку подобро се чувствувам сега“ – објаснила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.