Почетна » Новости » Занимливости » Ослабела 50 килограми и сега е кандидатка за Мис Америка

Ослабела 50 килограми и сега е кандидатка за Мис Америка

Кога ќе ја видите новата Мис Јужна Каролина, можеби ќе си помислите дека нејзината фигура и убав изглед се постигнати со многу труд, но никогаш нема ни да ви падне на ум дека оваа убавица само пред неколку години се борела со дебелината.

Бри Бојс Бри Бојс
Бри Бојс Бри Бојс

Бри Бојс во саботата стана Мис Јужна Каролина и со тоа го заработи своето учество во натпреварот за убавина Мис Америка, кој ќе се одржи во јануари во Лас Вегас.

22-годишната Бри во моментов е презафатена со интервјуа за познати медиуми, а насекаде каде што оди ги носи со себе огромните фармерки кои ги носела кога била тешка 106 килограми.

Бри со огромните фармерки од времето кога била дебела

Нејзината цел е да ги поттикнува луѓето да се хранат здраво и да се грижат за својот изглед. Таа тврди дека големата тежина ја изгубила само со здрава исхрана, без да држи некаква диета.

Бри е новата Мис Јужна КаролинаБри е новата Мис Јужна Каролина

Бри постојано посетува училишта низ државата за да ги информира младите за важноста на здравата храна и физичката активност. „Мојата цел во животот е да ги инспирирам луѓето од сите возрасти да станат здрави преку добри навики за хранење, вежбање и верба во себе“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.