Почетна » Новости » Занимливости » Од Белград со аплаузи од балкони, а од Сараево со порака полна љубов испратена поддршка за Загреб

Од Белград со аплаузи од балкони, а од Сараево со порака полна љубов испратена поддршка за Загреб

Загрепчани добиваат поддршка од целиот регион во кризните моменти. Главниот град на Хрватска освен што е соочен со ширење на коронавирусот, истовремено се справува со последиците од силниот земјотрес.

Од Белград вечерва беше испратена порака со поддршка во форма на гласен аплауз. Граѓанската иницијатива „Ne davimo Beograd“ вечерва го посвети ракоплескањето од балкони наречено „Аплауз во 8“ на Загреб, кој денес беше потресен од серија земјотреси.

Многу луѓе излегоа на балконите точно во 20 часот за да им ракоплескаат на своите соседи:

Сараево со светлечка порака „Сараево (срце) Загреб“ ги бодри Загрепчани.

Сараевскиот градоначалник Абдула Скака порача: „Главниот град на БИХ им порачува на Загрепчани и на цела Хрватска дека вечерва се во нашите мисли и молитви... Сараево не ги заборава своите пријатели.“

Сараево

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.