Уникатната изложба на Митските суштества во Рамстор Мол привлече илјадници посетители во трговскиот центар, од кои најмногу се воодушевени најмладите.

Децата што досега ја посетиле изложбата, најимпресионирани се од чудовиштето Неси, од диносаурусите, но и од Кербер – триглавото куче и од воодушевувачки големиот Киклоп. Интересна им е и сирената „без глава“, каде што секој може да се слика за спомен. До секое суштество има опис со најинтересните факти за него.




„Среќни сме што покрај децата, задоволни се и родителите поради тоа што изложбата има и едукативен карактер. Така за време на викендите посетеноста е секогаш поголема поради интересните приказни кои ги раскажува Духот на дрвото од 12.00 до 13.00 и од 16.00 до 17.00 часот“ – изјави одговорниот Координатор на изложбата.
За време на викендите, покрај приказните, од 13.30 до 15.30ч. секое дете од 3 до 13 години може да учествува и во организираните Работилници во Рамстор Мол каде покрај интересните приказни децата работат различни сликарски техники, со туш, пластелин и глина од што прават интересни фигури. Како спомен за време на изложбата можат да се купат и маички, сликовници и фигури со митските суштества.



Изложбата на Митските суштества во Рамстор Мол трае до 29 септември. Доколку не сте ги виделе, не ја пропуштајте единствената шанса да ги запознаете!
Комерцијален текст