Последниот викенд од оваа година, Рамстор Мол Ве изненадува со 3.000 подароци и можност за пазарување во сите продавници со попуст до 70%!
Викендот од 27 до 29 декември, од 12.00 до 20.00 часот, пазарувајте во Рамстор Мол или во Супермаркетот Рамстор-Вардар и станете сигурен добитник на една од 3.000 вредни награди! Приложете сметка од или над 2.000 денари или пак направете комбинација со овој збир од наведените места и влезете во Новогодишната кабина за подароци!

„Сите знаеме дека овој период од годината сакаме да купиме некое ново парче облека или да ги изненадиме нашите најблиски. Затоа одлучивме покрај попустите кои ги нуди секоја продавница во Рамстор Мол, да им се заблагодариме на нашите потрошувачи наградувајќи ги со подарок“ – изјави директорот на Трговскиот центар Рамстор Мол – Џеладин Џули.
Во новогодишната еуфорија, дозволете си шопинг уживање во Рамстор Мол со попусти до 70% и добијте една од 3.000 вредни награди кои Ве чекаат во Новогодишната кабина!
Рамстор Мол Ви посакува среќни Новогодишни празници!