Почетна » Новости » Занимливости » „Ништо не ме подготви за царскиот рез на мојата сопруга“: Маж раскажа колку ѝ се восхитува на мајката на неговите деца

„Ништо не ме подготви за царскиот рез на мојата сопруга“: Маж раскажа колку ѝ се восхитува на мајката на неговите деца

Маж раскажа дека царскиот рез на сопругата бил најстрашното нешто што го видел во животот и дека секојпат кога ќе ѝ ја види лузната, тој се полни со восхит кон саканата.

Клинт Едвардс е блогер и автор кој ги пренесува лекциите кои ги научил од татковството. Тој има издадено една книга насловена „I’m Sorry… Love, Your Husband“.

Прочитајте дел од неа:

Семејство

Ништо не ме подготви за царскиот рез на мојата сопруга. Ништо. Од дупката во стомакот на мојата убава жена беа подадени главата и десната рака на крваво и бело како пудра суштество налик на дете. Луѓето зборуваат за чудото на раѓањето и тоа секогаш звучи убаво, но самиот чин на раѓање, тој момент, беше да признам најстрашното нешто кое сум го видел.

Се сеќавам дека Мел лежеше гола пред повеќе доктори и сестри откако завршија со царскиот рез. Крвта се слеваше од страните на нејзините колкови, а стомакот ѝ беше како истишен балон. Стоев покрај неа и го држев нашето ново дете, кое спиеше мирно.

Мел ми се насмевна. Иако беше гола и сечена, таа беше среќна и полна со живот. Откако сè помина, нашето семејство си отиде, нашето прво дете заспа, сестра ја прегледа раната на Мел. Гледав во крвавата газа и чувствував 100% благодарност што никогаш доктор не допрел внатре во моето тело за да извади некого од него. Но, ништо не ме шокираше повеќе од тоа дека следниот ден Мел одеше. Тоа беше неверојатно и можам да се сетам дека си мислев колку е таа издржлива, силна, моќна, посветена и пред сè дека е најжилавата личност која што ја познавам.

Секое од нашите три деца дојде на овој свет со царски рез. Знам дека многу се дискутира за прекумерното користење на царскиот рез, но тоа не е причината зошто го пишувам овој есеј. Го пишувам затоа што преку стомакот на Мел има долга лузна. Таа е многу поголема од која било моја лузна и дури и да имам толкава лузна колку нејзината, таа никогаш нема да има толку голема важност. Нејзината лузна е доказ за посветеноста кон нашето семејство. Таа е доказ за нејзината желба да направи сè што е потребно за да ги донесе нашите деца на овој свет – момче и две девојчиња кои ми го полнат животот со многу поголема радост отколку што некогаш мислев дека е возможно. И секојпат кога ќе ја видам, јас се полнам со восхит кон мајката на моите деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.