Почетна » Новости » Занимливости » „Никој не разбира зошто си уморна, зошто си нервозна, зошто куќата ти е хаос“: Искрен текст за мајките кои не работат

„Никој не разбира зошто си уморна, зошто си нервозна, зошто куќата ти е хаос“: Искрен текст за мајките кои не работат

Мајка, која не работи за да се грижи за своите 5 деца дома, напиша искрен текст во кој раскажува дека честопати е неразбрана од луѓето околу себе.

Бидејќи честопати добивала груби забелешки и коментари од типот дека не треба да се жали, Меган преку Facebook испрати порака луѓето да бидат повнимателни кон мајките кои „седат дома“, да ги ислушуваат и да ги почитуваат нивните фрустрации.

Мајка

Еве го нејзиниот текст:

Депресија кај мајки кои не работат... Табу темата за која никој не зборува.

„Како се осмелуваш да се жалиш кога ти е дадена шанса да седиш дома и да ги израснеш СВОИТЕ деца?“ Но, не е толку едноставно. Се разбира дека ние мајките кои не работиме сме благодарни што сме дома и ги растеме нашите малечки, НО тоа буквално е сè што правиме.

Никој не зборува за изолацијата.

Никој не зборува за загубата на идентитетот.

Никој не зборува за самотијата.

Никој не зборува за губење на сопственото ЈАС.

Никој не зборува за тоа како си се откажала од кариерата зашто е поевтино да си дома.

Никој не зборува за плачењето под тушот зашто денот ти бил пренапорен.

Никој не разбира зошто си уморна.

Никој не разбира зошто си нервозна.

Никој не разбира зошто ти е потребен ментален одмор.

Никој не разбира зошто си толку избувлива со твоите деца.

Никој не разбира зошто куќата ти е хаос и покрај тоа што си била дома цел ден.

Никој не разбира зошто имаш потреба од 5 минути без никој да ти зборува или да те допира.

Никој не разбира зошто си ја изгубила желбата за секс.

Никој не разбира зошто си тотално и бескрајно уморна, сепак, само си седиш дома по цел ден.

Никој не разбира како се чувствуваш кога ќе ти кажат дека немаш „вистинска работа“.

Повеќето од нас имавме работа во минатото. Имавме можност да работиме и да комуницираме со други возрасни личности надвор од нашите домови. Сите придонесувавме финансиски во нашето домаќинство. Не се чувствувавме како вечни куќни помошнички. Го имавме тоа бегство, кое ти дава пауза од луѓето со кои живееш (деца, сопруг... итн.), бидејќи СЕКОЈА врска има потреба од пауза, за да не полудите кога сте 24/7 еден покрај друг. Тоа не е здраво. Спротивно на популарното верување...

ИМАШ ПОТРЕБА ОД ОДМОР СЕКОЈ ДЕН.

Не можам да ви кажам колку многу жени среќавам или познавам кои ми велат: „Ох, си имаш многу време за себе. Посакувам да можев да седам дома, не би се жалела“. Убаво за вас, но ви гарантирам дека ќе се премислите по 6 месеци, освен ако не сте богати и имате пари постојано да правите нешто. Некогаш јас бев како вас. Посакував да можам да седам дома со моите деца и да поминам со нив што повеќе време. Не сфаќав што сè доаѓа со останувањето дома.

Но, ТИ сама избра да имаш деца. ТРЕБАШЕ да мислиш на тоа пред да ги родиш. Ако не сакаше да минуваш низ ова, НЕ ТРЕБАШЕ никогаш да имаш деца. САКАТЕ да додадете нешто?

Сериозно... Да, имам слушнато сè.

Следниот пат кога ќе слушнете или видите мајка која не работи како ги излева своите фрустрации, ислушајте ја и направете да се почувствува како да е некој и нешто. Дека нејзините напори се ценети.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26142 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.