Почетна » Новости » Занимливости » „Никогаш не се откажувајте“: Парализиран маж слика реалистични портрети со устата

„Никогаш не се откажувајте“: Парализиран маж слика реалистични портрети со устата

Животот понекогаш задава тешки удари, но приказната на Хенри Салас потсетува дека не треба да се откажувате дури и во најмрачните моменти.

29-годишниот уметник останал парализиран од вратот надолу во 2011 година. Но, несреќата не му ја уништила желбата за живот, ниту пак страста кон уметноста. Напротив, две години подоцна, неговите пријатели му подариле смарт телефон и открил дека и покрај квадриплегијата, може да слика со помош на устата.

Хенри Салас Хенри Салас Хенри Салас

Хенри и самиот се изненадил кога открил дека со уста слика многу подобро отколку што сликал со рацете во минатото.

„Отсекогаш ѝ се одушевував на уметноста, особено на реализмот, но никогаш не бев ни приближно добар до просекот, ниту со две функционални раце. Страста беше секогаш таму, но кога не можеш ниту да си го почешаш носот, таа страст беше безнадежна... Сè додека моите пријатели не ми подарија телефон. Тогаш добив надеж обидувајќи се да цртам со устата“ – објаснува тој.

Уметноста му помага на Хенри на момент да заборави на болката и на неговата состојба.

„Поради мојата состојба, речиси секогаш ми е неудобно или чувствувам болка. Сликањето ми помага да си го одвлечам вниманието. Понекогаш сум толку посветен на некое уметничко дело што заборавам на мојата ситуација“ – вели тој.

На сите луѓе, Хенри им порачува: „Не се откажувајте. Никогаш не се откажувајте. Бидете конзистентни и вежбајте. Посветувајте внимание на деталите“.

Хенри Салас

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.