Почетна » Новости » Занимливости » Никогаш не е доцна: 71-годишна жена го освојува модниот свет и руши бариери

Никогаш не е доцна: 71-годишна жена го освојува модниот свет и руши бариери

Роса Саито докажува дека секоја возраст носи своја убавина.

71-годишната жена, која е родена во Бразил, ја започна својата кариера во модниот свет на 68 години и веќе има соработки со многу брендови кои сè почесто и почесто ја ангажираат. Таа сега руши бариери и се обидува да ги промени перцепциите на луѓето за стареењето.

Роса Саито Роса Саито

Саито вели дека годините се само бројка и не дозволува возраста да ја ограничи во постигнување на својот целосен потенцијал. Нејзината седа коса, изразените црти на лицето и витката фигура ѝ помогнаа да започне нов кариерен правец во седмата деценија од животот.

Роса тврди дека никогаш во животот се нема напиено аспирин и дека својот изглед го негува само на природен начин. „Сè беше засновано на чај. Јас сум против сè што е хемија. Отсекогаш се грижев за себе со алое, кокосово и маслиново масло“ – вели таа.

Роса Саито Роса Саито Роса Саито

„Ако не се обидам, никогаш нема да знам“ – вели Саито, која цели да инспирира многу други жени да не се плашат да преземат ризик во подоцнежните години од животот.

Саито смета дека стандардите за убавина во модната индустрија беа угнетувачки, но дека сега се менуваат. „Чувствувам дека полека се менуваме. Луѓето живеат подолго, повеќе се грижат за себе и компаниите навистина треба да бидат поотворени за да ги визуализираат овие потенцијални клиенти“ – објаснила таа.

Досега, на Instagram ја следат над 45 илјади лица.

Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито Роса Саито

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.