Доаѓањето на дете во семејството целосно го менува животот и на мажите и на жените. Приоритетите се менуваат, патувањата не се толку едноставни како некогаш, времето за себе се сведува на минимум, но се открива и нова смисла за среќа и безусловна љубов.
Екатерина Гапанович создаде забавни илустрации кои ги прикажуваат на сликовит начин промените кои настапуваат откако ќе станете родител. Погледнете ги:
Патувањата добиваат нова форма.
Од речникот се бришат зборовите „самотија“ и „мир“.
Ги гледате ситуациите од различна перспектива.
Материјалните нешта не се важни.
Никогаш не е здодевно, но забавата е поразлична.
Смиреното излегување од дома ви станува невозможна мисија.
Кога дома имате дете, се прашувате: Дали има смисла да се чисти?
На родителите им се влошува чувството за убавина (уметност).
Време е за релаксација! Но, детето не мисли така.
Разбирате колку малку е потребно за да бидете среќни.
Квалитетот на нештата сè уште е важен. Но, приоритетите се менуваат.
Учите што е болка само кога во темница ќе згазнете на лего коцка.
Најважно во сето ова е да не се запоставите себеси.
А најголемата награда која ја добиваат родителите е БЕЗУСЛОВНАТА ЉУБОВ!
