Едно е сигурно – без разлика на тоа како се вика и на кој вид припаѓа, дали е чоколадна, солена, шарена или крцкава, палачинката е омилен десерт.
Дали знаевте дека првите палачинки се јаделе уште во античко време? Секако, тоа не биле палачинки какви што ние денес јадеме. Печената мешавина од млеко, брашно, јајца и зачин, античките Римјани ја нарекле „alita dolcia“ или во превод, „нешто слатко“. Изгледала како погачка или омлет. Палачинките какви што денеска се јадат се создадени во Европа во средниот век.
Ние сакаме добро друштво, кое е подготвено да ја проба сочната, слатка и вкусна палачинка „Руссиа“.


Дојдете со Вашата драга личност и засладете го денот со ова преслатко задоволство. Почувствувајте го богатството на вкусови, пријатната атмосфера и чувствувајте се како дома.
Нашата „Руссиа“ палачинка вреди да се проба, затоа што е со свежо овошје, слатка павлака, карамел и ореви. Ве чекаме во ресторанот во хотел Руссиа.

Комерцијален текст