Почетна » Новости » Занимливости » Несекојдневна можност: Шведска кујна во срцето на Скопје

Несекојдневна можност: Шведска кујна во срцето на Скопје

Остануваат уште само два дена до крајот на една од најнесекојдневните кулинарски манифестации која што ja воодушеви јавноста. Имено, „Деновите на шведска храна во Македонија“ под мотото Try Swedish кои што се одржуваат во ресторанот Дистрикт во Скопје Мериот хотел во организација на Амбасадата на Шведска.

Желбата на Шведска да ја запознае македонската јавност со вкусовите на прекрасната шведска кујна и интересните шведски рецепти стана реалност во која што уживаат голем број на граѓани од 7ми до 16ти јуни.

Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија

Светски познатите шведски кофтиња со лингонбери бобинки, харинга, мариниран лосос со сос од сенф и копер, иновативните вкусни десерти како свежи малини со крем од лимон, пуслици со екстракт од сладок корен се де од големото мени кое што се служи во Дистрикт. Менито е креирано од Питер Татар, главен шеф на Скопје Мериот и Дистрикт ресторан заедно со шведскиот мастер шеф Магнус Албректсон, кој меѓу другото е еден од ретките готвачи кои ја имаат подготвувано храната за свечената вечера по повод доделувањата на Нобеловата награда која секоја година ја организира шведското кралско семејство.

Шведска во последните децении е на врвот на листата на светската гастрономска мапа благодарение на иновативноста и уникатните, маркантни вкусови кои овозможуваат вистинско уживање.

Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија Шведска храна во Македонија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.