Почетна » Новости » Занимливости » „Нептун Happy“– програмата за лојалност на Нептун

„Нептун Happy“– програмата за лојалност на Нептун

На 18-ти јуни 2014, Нептун Македонија ја лансираше својата програма за лојалност NEPTUN HAPPY, која е создадена да инспирира повеќе радост и задоволство при секое купување во Нептун.

Нептун Happy

Единствена од овој тип на пазарот, програмата NEPTUN HAPPY овозможува низа неверојатни поволности и бенефиции: наградни поени, достава, промоции, поддршка, монтажа и многу други услуги.

Член на NEPTUN HAPPY програмата може да се стане на многу брз и едноставен начин. Доволно е само да се аплицира за NEPTUN HAPPY картичка во продавниците на Нептун или онлајн на www.neptun.mk/happy. Издавањето на NEPTUN HAPPY картичката е бесплатно во промотивниот период до 30-ти септември.

„Оваа програма ја создадовме со цел да им овозможиме подобро искуство, поголема вредност и повеќе бенефиции на клиентите кои купуваат во Нептун. Со НЕПТУН HAPPY се овозможуваат низа привилегии и поволности за сите нејзини членови и сигурни сме дека потрошувачите со задоволство ќе ја прифатат и ќе станат дел од НЕПТУН HAPPY семејството“ – изјави Игор Давков, одговорен за NEPTUN HAPPY програмата во Нептун.

Нептун Македонија ДОО Скопје е основана во 1998 година и е дел од групацијата Нептун Интернешнл. Нептун е малопродажна мрежа со широк асортиман на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, фотоапарати и камери, лична нега и убавина, ладење, греење и комуникации. Во моментов, мрежата на Нептун опфаќа 18 продавници во 16 градови во Македонија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.