Почетна » Новости » Занимливости » Неодоливи пријатели: Бушава кокошка и чивава со две нозе

Неодоливи пријатели: Бушава кокошка и чивава со две нозе

Алиша Вилијамс е „виновна“ за почетокот на едно необично пријателство помеѓу чивава со две нозе и бушава кокошка. И двете животни биле спасени од сигурна смрт од Алиша, која работи во болница за животни во Далут, Џорџија.

Пени и Ру Пени и Ру

Во последниве неколку дена фотографиите од кокошката Пени и кучето Ру станаа интернет хит и мамат насмевки и мили зборови низ целиот свет.

Алиша прво ја посвоила Пени откако ја видела во лабораторија за експерименти со животни. Кучето Ру било пронајдено во канал. Најверојатно било напуштено од првиот сопственик поради деформитетот. Вилијамс верува дека Ру немало да преживее ако не било спасено таа студена ноќ.

Пени и Ру Пени и Ру

„Пени се возбудува кога Ру е во близина, затоа што знае дека тој постојано има храна. Кога и да слушне дека тој се храни, таа му краде од храната. Тој сака да се гушка со неа, бидејќи таа за него е како големо мече. Понекогаш ја прегазува, затоа што не сфаќа колку се големи неговите тркала“ – раскажала Алиша во интервју за Gwinnett Daily Post.

Пени и Ру Пени и Ру

Алиша има посвоено повеќе спасени животни. „Сите наши животни се чудни животни спасени од многу лоши ситуации“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.