Почетна » Новости » Занимливости » Неодолива фотосесија на мала буцка која се родила тешка повеќе од 6 килограми

Неодолива фотосесија на мала буцка која се родила тешка повеќе од 6 килограми

Фотографиите на малата Карли Корбит ќе ви го растопат срцето.

Кога дошла на овој свет, малата буцка тежела 6,1 килограм, а сега се прослави низ светот со неодолива фотосесија.

Карли Корбит Карли Корбит

Карли се родила со царски рез на 15 мај, речиси една недела пред крајниот термин за породување, а нејзината големина ги изненадила сите присутни во операционата сала.

Нејзината мајка, Криси, не можела да им верува на очите кога ја видела за првпат. „Кога педијатарот ми ја покажа над завесата, само реков: Боже, огромна е. Беше како да сум родила дете“ – рекла таа.

Карли Корбит Карли Корбит

Тежината на новороденото бебе се должи на тоа што Криси страдала од гестациски дијабетес во текот на бременост. Но, и покрај тоа, никој не помислувал дека таа ќе роди бебе од шест килограми.

Карли во моментов има само 3 недели, а веќе носи облека за 9-месечно бебе. Нејзините родители морале да ги донираат бебешките алишта кои ги купиле пред нејзиното раѓање.

„Таа е прекриена со витки. Таа е едно големо буцкасто бебе. Неодолива е“ – рекла Криси и додала дека не ни помислувала дека нејзината ќерка ќе стане славна. „Немав претстава дека ќе биде толку популарна. Искуството беше одлично и со нетрпение чекам да споделам со неа дека таа стана славна преку ноќ“.

Карли Корбит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.