Почетна » Новости » Занимливости » Нежен џин: Ова е највисокиот тинејџер на светот, кој е висок 2,34 метри и не престанува да расте

Нежен џин: Ова е највисокиот тинејџер на светот, кој е висок 2,34 метри и не престанува да расте

Запознајте го Брок Браун, највисокиот тинејџер на светот, кој има потенцијал да стане и највисок човек на светот, бидејќи не престанува да расте.

Брок Браун Брок Браун Брок Браун Брок Браун Брок Браун

19-годишниот Американец, кој е висок 2,34 метри официјално беше прогласен за највисок тинејџер на светот. Браун извишува по 15 сантиметри годишно и ако продолжи да расте со истото темпо, тој лесно ќе го надмине највисокиот човек на светот, Турчинот Султан Косен, кој е висок 2,51 метар.

Султан КосенСултан Косен

На Брок му бил дијагностициран Сотос синдром, познат и како церебрален гигантизам, кога тој имал само пет години. Во градинка, Брок значително ги надвишувал своите врсници и бил висок 1,5 метар.

Брок Браун Брок Браун

Неговата мајка вели дека поради Сотос синдромот нејзиниот син не престанува да расте. „Тоа е генетско нарушување и ништо не може да го запре да расте, не знам ни дали некогаш ќе престане“ – вели мајката Дерси.

Иако по поставувањето на дијагнозата на Дерси ѝ било соопштено дека нејзиното дете нема да ги надживее тинејџерските години, неодамна таа добила среќна вест дека Брок ќе живее долго. „Тоа беше најдоброто нешто што сум го слушнал некогаш. Пресреќен сум што ќе живеам долго време“ – вели Брок.

Брок Браун Брок Браун Брок Браун Брок Браун Брок Браун

Сепак, пред семејството на највисокиот тинејџер на светот стојат многу предизвици, бидејќи тој страда од АДХД (синдром на дефицит на внимание и хиперактивност) како и повремени напади на лутина кои ги контролира со лекарства.

„Кога ќе се налути, налутен е. Му требаат две секунди за да направи дупка во ѕидот, тоа може да биде многу опасно ако не е на лекарства за смирување“ – вели мајка му, но додава дека во најголем дел од времето тој е многу нежен.

„Во целина тој е многу нежен. Неговото срце е големо колку и неговото тело“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.