Почетна » Новости » Занимливости » Не штедете ги усните: денес е Светскиот ден на бакнувањето

Не штедете ги усните: денес е Светскиот ден на бакнувањето

Денес е Светскиот ден на бакнувањето, неофицијален празник кој служи како потсетување за незаменливото задоволството кое ни го носи бакнежот. Спојувањето на усните и сензуалниот танц на јазиците е совршен механизам за комуникација, универзален јазик кој сите го зборуваме, а кој има сила да ги пренесе нашите најдлабоки чувства – љубов, приврзаност, страст...

Бакнување

Во чест на овој позитивен ден, еве неколку интересни факти за бакнувањето:

  • Просечниот човек поминува 15 дена од својот живот во бакнување.
  • Усните се стотина пати почувствителни од врвовите на прстите и имаат милиони нервни завршетоци кои ја стимулираат желбата за повеќе и повеќе бакнежи.
  • Додека се бакнуваат, повеќето луѓе ја вртат главата на десната страна.
  • Најголем дел од луѓето се сеќаваат на повеќе детали од својот прв бакнеж отколку од своето прво сексуално искуство.
  • Страсниот едноминутен бакнеж согорува до 26 калории.
  • Двојно повеќе мажи од жени би имале секс со лице кое лошо се бакнува.
  • Страсните бакнежи го покачуваат крвниот притисок, го забрзуваат ритамот на срцето и ја зголемуваат возбудата, што ве носи поблиску до оргазам.
  • Исто како што секоја снегулка е различна, секој отпечаток од усните е уникатен и посебен.
  • Мажите кои ги бакнуваат своите сопруги наутро живеат 5 години подолго од оние што не ги поздравуваат со бакнеж.
  • Бакнувањето делува како дрога врз нашето тело. Со допирањето на нашите усни, телото лачи допамин – истиот невротрансмитер стимулиран од дрогите кои предизвикуваат зависност.
  • Со разменувањето на течности при бакнување, мажите им пренесуваат на своите партнерки тестостерон, кој им го зголемува либидото.
  • Бакнежот помага да се релаксирате и ги намалува негативните ефекти од стресот.
  • Просечна жена бакнува 29 мажи пред да стапи во брак.
  • Брзиот бакнеж активира само два мускули, но страсниот француски бакнеж активира 34 мускули од вашето лице.
  • 50% од луѓето го доживеале својот прв бакнеж пред да наполнат 14 години.

Активирајте ги вашите усни и подарете и примете барем неколку сензуални бакнежи. Искористете го овој ден како изговор за да украдете бакнеж од личноста која ви го затреперува срцето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.