Почетна » Новости » Занимливости » „Не би ги промениле за ништо на светот“: Емотивно видео за близначиња со Даунов синдром

„Не би ги промениле за ништо на светот“: Емотивно видео за близначиња со Даунов синдром

Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Родители на близначиња родени со ова нарушување споделија емотивно видео во кое е прикажано веселото детство на нивните синчиња исполнето со насмевки.

Мајката и таткото на близначињата Оли и Камерон постојано се залагаат за подигнување на свеста за Дауновиот синдром, бидејќи сакаат нивните момчиња да живеат во подобар свет без стереотипи и негативни перцепции за лицата со овој синдром. „Не би ги промениле нашите момчиња за ништо на светот, но ќе продолжиме да се обидуваме да ја подигнеме свеста за да го промениме светот за нив“ – велат родителите.

„Во изминатите години ни стана јасно дека сè уште постојат стереотипи и погрешни сфаќања за Дауновиот синдром, па сакавме да му покажеме на светот колку прекрасен е животот за нас досега. Ние не сме дијагноза. Ние сме само две мали момчиња“ - пишува во описот на видеото.

Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон

Видеото било направено минатата година, пред момчињата да наполнат 3 години, но родителите ќе го споделуваат секоја година во чест на овој ден.

Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон Оли и Камерон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11521 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.