Почетна » Новости » Занимливости » Најубавото изненадување: Добродушна жена му соопштува на член од семејството дека ќе му донира бубрег

Најубавото изненадување: Добродушна жена му соопштува на член од семејството дека ќе му донира бубрег

Жена му го приготви најубавото изненадување на човекот на кој ќе му го донира својот бубрег.

Откако една година тајно правела тестови и испитувања за да дознае дали може да му биде донор, Кери конечно можеше да му ја соопшти позитивната вест на Боб.

Со транспарент на кој пишуваше „Јас сум твојот донор“, Кери се појави на вратата на Боб, кој ѝ е татко на нејзината снаа од брат. Тој не можеше да си ги задржи солзите. „Не знаеш колку многу ми значи ова. Ти благодарам многу“ – ѝ вели тој на Кери во видеото.

„Мојата мајка криеше специјална тајна повеќе од една година. Повеќе од горда сум што ѝ сум ќерка“ – напиша Алиса Лалмонд, која го сподели видеото од слаткиот момент на TikTok.

„Мајка ми сакаше да им покаже на луѓето дека ако имате можност да донирате, треба да го направите тоа, бидејќи или помагате да се спаси живот или продолжувате нечиј живот, што е неверојатен дар“ – објасни Алиса во друго видео.

Кери и Боб

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.