Почетна » Новости » Занимливости » Најстариот маж на светот има 112 години и јаде банана секој ден

Најстариот маж на светот има 112 години и јаде банана секој ден

Салустијано Санчез-Блазкез е најстариот маж на светот. Претставници на Гинисовата книга на рекордите потврдија дека 112-годишниот маж од Њујорк е највозрасниот жител на планетата од посилниот пол кој поседува доказ за својата возраст.

Салустијано Санчез-БлазкезСалустијано Санчез-Блазкез

Салустијано бил роден во Шпанија и заработувал како свирач на различни прослави и свадби. Се образувал до 10-годишна возраст и затоа се смета за самоук. Кога имал 17 години, заедно со својот брат и пријатели, заминал во Куба каде работел на полиња за шеќерна трска. Подоцна се преселил во САД каде работел во рудник за јаглен.

Во 1934 година се оженил за љубовта на својот живот, а денес има 76-годишен син, 69-годишна ќерка, 7 внучиња, 15 правнуци и 5 пра-правнуци.

Скромниот жител на Њујорк не чувствувал дека постигнал нешто специјално само затоа што е најстариот маж на светот. Салустијано изјавил дека за неговиот долг живот придонела секојдневната консумација на банани и шест таблети Anacin (аналгетик).

Во моментов 115-годишната Јапонка Мисао Окава се смета за најстарата жена, а воедно и најстарата личност на светот. Дури 90% од сите супер стогодишници (лица кои го прославиле својот 110-ти роденден) се жени.

Мисао ОкаваМисао Окава

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.