Почетна » Новости » Занимливости » Најголемото британско семејство: 43-годишна мајка го роди своето 21. дете

Најголемото британско семејство: 43-годишна мајка го роди своето 21. дете

Најголемото британско семејство доби нов мал член. Ноел и Сју Редфорд објавија дека го добија 21-вото дете.

43-годишната Англичанка родила девојче минатата седмица. Породувањето траело само 12 минути, а новороденчето тежело 3,7 килограми.

Најголемото британско семејство Најголемото британско семејство

Иако и минатата година дадоа ветување дека нема да имаат повеќе деца, гордите родители сега се категорични дека новородената Бони ќе биде последна.

„И двајцата одлучивме дека не сакаме повеќе деца. Бони го комплетираше нашето семејство“ - изјавила Сју.

Најголемото британско семејство

Ноел и Сју го добиле првото дете кога таа имала само 14 години. И покрај тоа што биле премлади за да бидат родители, тие не ни помислувале да се откажат од бебето, затоа што и двајцата имале таква судбина, односно и двајцата биле дадени на посвојување непосредно по раѓањето.

Во многуте среќни моменти низ годините, тие доживеале и една трагедија – нивното 17-то дете се родило мртво.

За големото семејство, Ноел вели: „Не мислам дека некој размислува дека ќе има 21 дете. Ние мислевме дека ќе имаме три. Но, сакаме да имаме големо семејство. Никогаш не е здодевно. Куќата ни е среќна, исполнета со смеа, а ние обожаваме да сме опкружени со сите наши деца.“

Најголемото британско семејство Најголемото британско семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.