Аронијата е декоративна грмушка со безброј благотворни ефекти по здравјето.

Есента, особено крајот на ноември, е идеално време да засадите аронија во својот двор. Не бара посебна нега, а може да се насади и на помалку плодно тло. Таа е позната по своето многукратно делотворно дејство по здравјето на луѓето, но истовремено претставува и особено декоративно растение, кое е вистински украс во дворот.


На пролет цвета со мали, бели цветови од кои пред крајот на летото се формираат црни бобици со големина како на боровинката, кои се задржуваат на гранките преку цела зима. Плодот може да се бере и после два месеци откако ќе созрее. Листовите се сјајни со темно зелена боја, на есен ја менуваат бојата во црвено-портокалова нијанса. Поради својот декоративен изглед наоѓа примена и во градините, а исто така може да се сади покрај водни површини затоа што е издржлива на голем процент на влага во почвата.
Аронијата уште ја нарекуваат сибирска боровница поради тоа што потекнува од Северна Америка, а најраспространета е во Русија, и поради тоа што е отпорна на многу ниски температури (- 45°C). Многу е лесна за одржување, толерира различни типови на почва доколку се добро дренирани, се полева умерено. За својот развој ѝ одговараат сончеви позиции или места во полусенка, меѓутоа за да биде плодот повкусен, најубаво е да се одгледува на сончеви места. Расте до 1,8 метри во висина и исто толку оди и во ширина.
Но, треба да внимавате да не купите лажни аронии, а исто така да размислите и за местото на кое ќе ја насадите, односно да помислите како ќе ја комбинирате во својот двор. На зелените пазари се продаваат растенија кои личат на аронија, но тоа не се! Експертите ги идентификуваат како кокошкино грозје, плод кој има темносина до црна боја во вид на бобинки кои се сјајни, со непријатен мирис кога ќе узреат и се токсични. За разлика од нив, аронијата е грмушка чии плодови се исто со темносина до црна боја, но како што објаснуваат на Факултетот за земјоделство, плодовите не се бобинки, туку коштунки, како тие на глогот. Аронијата зрее кон крајот на август и почетокот на септември, а плодовите имаат благо збрчкана површина. Затоа е најдобро аронијата да ја набавите од проверено место.
Во Градинарскиот центар Фоја, кој се наоѓа во Скопје, населба Кисела Вода на ул. Народни Херои, посетителите можат да да купат возрасни аронии со старост од 3 год. кои се на акција „плати 2 – добиј 3“.
Информации може да добиете на телефонот: 2 772 046, преку маил-адресата fojako@yahoo.com или преку фејсбук страната https://www.facebook.com/GradinarskiCentarFoja
Фоја проектира и изведува пејзажни проекти, за приватни, деловни и јавни површини. Добрите градинари ги знаат тајните на правилното уредување на зелените површини! Знаат како да ги комбинираат декоративните садници, каде и со кои други растенија е најдобро да се комбинира аронијата. Тие ги познаваат карактеристиките на сите растенија, како тие растат, какви услови за одгледување им се потребни колку сончева светлина, топлина, вода... Сите оние, кои за прв пат започнуваат со градинарството како хоби, се добредојдени во Градинарскиот центар ФОЈА за совети и инструкции.
За благотворните дејства на аронијата
Северноамеричките Индијанци аронијата ја користеле за исхрана, притоа плодовите ги сушеле и ги мелеле, па ги комбинирале со месо. Свежите плодови најчесто ги употребувале како лек за стомачни тегоби (желудочни и цревни тегоби), а листовите и кората ги користеле како чај, со кој се спречувало крварењето од рана. Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини (Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу ретко витамин П). Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танин, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенција против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни материјали, па и тешките метали. Освен ова, аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол.

Плодовите не се многу вкусни за да се јадат свежи затоа што се кисели и горчливи. Меѓутоа од сокот на аронијата може да се направи сок, компот, слатко, џем, вино, желе и др. За да го извлечете најдоброто од аронијата, најдобро е да ја јадете свежа како додаток во житарки, овошни салати или во свежи сокови. Аронијата е самооплодувачка. Годишно дава плод од 4,5-7 килограми од една грмушка и тоа после третата година од нејзината старост. После шестата година родот ѝ се зголемува од 9-11 килограми од една грмушка.
Примена:
- Бидејќи е отпорна на сол може да се посади покрај пат и да послужи како жива ограда;
- За аронијата не е потребно ни прскање, бидејќи не може да заболи од болести или вошки.
Кога станува збор за лековитите својства, со консумирање десетина зрнца дневно, извесно време, ефектите се многубројни: ја поттикнува циркулацијата, ја прочистува крвта, ја ублажува мигрената, влијае на работата на желудникот и цревата, го зајакнува имунитетот, спречува развој на вирусни и бактериски инфекции… Аронијата, исто така, ја регулира работата на штитните жлезди, одлична е во борбата против дијабетесот и заболувања на жолчката.
Благодарение на високото ниво на антиоксиданси, аронијата ги уништува ќелиите на ракот и поради тоа е задолжителен дел од терапијата. Освен тоа, сокот од оваа билка се препорачува во борбата против Алцхајмеровата болест и деменција.
Комерцијален текст