Почетна » Новости » Занимливости » Наместо совршени портрети, пар создава честитки кои го прикажуваат реалниот живот со мали деца

Наместо совршени портрети, пар создава честитки кои го прикажуваат реалниот живот со мали деца

Наместо честитки со совршен фамилијарен портрет, еден пар секоја година испраќа честитки кои ја доловуваат нивната реалност како родители на 3 мали деца.

Џонатан, неговата сопруга и двете синчиња секоја година создаваат фотографија која на хумористичен начин ги прикажува предизвиците на родителството.

Семејство

„Првиот пат кога се обидовме да направиме „традиционална“ фотографија за честитка, имавме хумористично лоши резултати. Бевме нови родители на едногодишно дете и сè беше наопаку – бебето постојано плачеше, дуваше силен ветер, светлината постојано се менуваше, можете да замислите. Ако двајца од нас изгледаа ок, другиот ќе беше замижан. Толку многу се смеевме поради тоа колку беа лоши фотографиите што одлучивме да им ги испратиме на членовите на нашето семејство, а нив многу им се допаднаа. Оттаму се роди традицијата – наместо да се обидуваме да испратиме совршени честитки, ние испраќаме нешто што го претставува хаосот на родителството.“

Семејство Семејство

„Децата го обожаваат ова, иако постојано морам да ги потсетувам дека ова е измислено и дека не треба да го применуваат во реалниот живот. Понекогаш се плашам дека им ставам идеи во главата.“

Семејство

„Нашите роднини би се разочарале ако сега се вратиме на нормални честитки. Сметам дека сите длабоко во себе мразат да позираат за честитки, речиси е невозможно ако имаш мали деца, па луѓето ги ценат честитките кои ги прикажуваат предизвиците на родителството“ – вели Џонатан.

Оваа година, на забавното семејство му се придружи уште еден член.

Семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.