Почетна » Новости » Занимливости » Навики од мали нозе: Детски дисциплини за деца на секоја возраст во аеробик центарот

Навики од мали нозе: Детски дисциплини за деца на секоја возраст во аеробик центарот

Особено важно е да ги научиме децата да стекнат навика уште од најмала возраст да спортуваат, да внимаваат на своето здравје и здраво да се исхрануваат. Вежбањето помага да ги одржат мускулчињата и коските, воедно придонесува и спиењето да биде поквалитетно. Три дена во неделата се сосема доволни да се спречат хроничните заболувања. Спортскиот Центар Јане Сандански ви нуди спортска градинка, атлетска школа и ритмичка гимнастика за вашите деца.

Спортскиот Центар Јане Сандански

Спортска градинка е наменета за дечиња од 3-5 години. Преку соодветни игри и вежби прилагодени за возраст од 3 до 5 години, децата ќе можат правилно да растат и да се развиваат. Со сето тоа и да стекнат нови вештини, да развијат моторни способности, перцепција, ориентација, брзина и флексибилност. Доколку дечињата одлучат и понатаму да се занимаваат со спорт сето ова ќе биде од огромна корист. Часовите се одржуваат секои вторник и четврток од 17:30-18:30 часот.

Спортскиот Центар Јане Сандански

Атлетска школа е формирана за деца на возраст од 5-7 години. Сила, издржливост, брзина, храброст, одлучност и упорност се само неколку работи во низата бенефити. Дисциплините на атлетиката вклучуваат моторички движења кои успешно можат да се применуваат во текот на образовниот процес или низ други облици на вежбање, со чија помош се влијае на подигање на општите психофизички способности на поединецот, а тоа е особено важно за најмалите, за правилен развој на децата. Школата се одржува во понеделник, среда и петок од 17:30-18:30 часот.

Ритмичка гимнастика е спорт наменет за девојчиња на возраст од 5-10 години. Во овој спорт комбинирани се балет, гимнастика и модерен танц. Кореографијата мора да го покрие целиот подиум и да содржи елементи на рамнотежа, брзи и нагли скокови, вртења и флексибилни движњеа. Вклучени се и сила, моќ, издржливост, темпераментност, умешност, и добра координација. Часовите се одржуваат од понеделник до петок, во следните термини: 17:30-18:30ч. 18:30-19 30ч. 19:30-20:30ч.

Јулијана - инструкторка во спортската градинка и атлетска школа. Адела - инструкторка по ритмичка гимнастика.

Спортскиот Центар Јане Сандански

За повеќе информации јавете се на 070/268-048, посетете ја нашата веб страница www.scjanesandanski.mk или пак најдете нè на Facebook и Instagram и бидете во тек со последните новости и случувања.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.