Почетна » Новости » Занимливости » Моќта на шминката: Девојка со многу пеги си ја трансформираше едната страна на лицето

Моќта на шминката: Девојка со многу пеги си ја трансформираше едната страна на лицето

Девојка која има многу пеги целосно си ја преобрази едната половина од лицето со помош на шминка, а фотографијата брзо се распространи на социјалните мрежи.

Сакајќи да биде дел од новиот предизвик кој ја покажува моќта на шминката, а за кој многу девојки си ја шминкаат само едната страна од лицето, Келси Свајгард ја објави на Instagram фотографијата која стана вирален хит. Во текстот, Келси објаснува дека никогаш не користи многу шминка затоа што премногу си ги сака пегите, но дека ова го направила поради предизвикот.

„Ги сакам моите пеги премногу за да ги покривам секој ден. Тие ме прават различна и горда сум што сум прекриена со нив. Искрено, понекогаш посакувам да имав уште повеќе“ – пишува Келси на Instagram.

Келси Свајгард

„Никогаш не ставам толку многу шминка. Го направив ова само поради предизвикот. Најчесто не користам воопшто шминка освен за на работа, а и тогаш само си ги средувам веѓите и ставам ајлајнер и маскара. Секој што вели дека ова е „премногу“ или „премногу драматично“, може да исчезне. Дури и ако се шминкам вака гламурозно секој ден, тоа не треба да засега никој друг освен мене. Се чувствувам убава и со шминка и без шминка. Овој предизвик беше многу забавен и наскоро ќе го повторам. Ви благодарам на сите за милите и охрабрувачки коментари“ – напиша таа.

Келси Свајгард Келси СвајгардКелси со вообичаената шминка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.