Пишувањето на SMS, проверувањето на пристигнатиот e-mail, менувањето на музиката... сето тоа МОЖЕ ДА ПОЧЕКА ако сте зад воланот и возите. Краткото видео „Wait for it... this could save your life“, кое испраќа важна порака, нема да ве остави рамнодушни.
Видео
На почетокот, неколку млади лица споделуваат во кои ситуации користат мобилен телефон додека возат. Некои дури и се шегуваат, но наеднаш атмосферата се менува кога пред нив ќе застане Џејси.
Младата девојка им раскажува дека пред неколку години, додека со своите родители се враќала дома по церемонијата за дипломирањето, во нивниот автомобил удрил возач чие внимание било одвлечено од телефон. Како последица на силниот удар, нејзините родители починале, а таа останала делумно парализирана.

Очекувано, соговорниците на Џејси се трогнати од нејзината животна сторија и веднаш се замислуваат за нивните постапки зад воланот.