Moment Junkie (зависник од моменти) е описот кој себеси си го припишува секој член од тимот од фотографи кој е специјализиран за „ловење“ на најемотивните, највпечатливите и најсмешните моменти од свадбените церемонии.

Неколкуте млади ентузијасти во областа на свадбените фотографии и новинарство, за време на нивните професионални почетоци, дошле до заклучок дека најубавите фотографии се оние кои засекогаш „заробуваат“ еден момент на среќа, нежност и љубов.
Од тој момент одлучиле да се фокусираат на моментите кои меѓусебно ги споделуваат луѓето за време на свадбите, сеедно дали тие моменти се смешни, среќни или понекогаш тажни.
Талентираните фотографи сфатиле дека најголема уметничка, но и емотивна вредност имаат токму оние фотографии кои се спонтани и кои ни покажуваат како се чувствуваме, а не како изгледаме во тој момент.


Погледнете некои од фотографиите на зависниците од моменти и приказните што се кријат зад нив:



Погледот на таткото кога за првпат ќе ја здогледа својата ќерка во невестински фустан.

Гостинката го фати букетот и во истиот момент одлучи дека сака да ѝ го подари на друга девојка.

Емотивниот момент помеѓу брат и сестра за време на свадбената прослава.

Младенците биле несреќни поради тоа што започнало да врне. Фотографот излегол надвор со чадор за да провери дали дождот намалил, а кога се свртил забележал дека и тие истрчале по него.

Првиот поглед помеѓу зетот и невестата на денот на нивната свадба секогаш крие најмногу убавина и емоција.

Невестата забележа дека пристигнуваат нејзините другарки и истрча кон прозорецот за да ги поздрави.

Болниот татко ја прегрнува својата ќерка додека зад него стојат докторите и надгледуваат. Церемонијата се одржа во болница.

Реакцијата на братот кога првпат ја виде својата помлада сестра во невестинскиот фустан.






































