Почетна » Новости » Занимливости » Моќна фотографија: Мајка рони солзи додека го држи во прегратка своето „виножито-бебе“ по породувањето

Моќна фотографија: Мајка рони солзи додека го држи во прегратка своето „виножито-бебе“ по породувањето

Моќна фотографија направена во породилна сала ги доловува емоциите и магијата на раѓањето на нов живот. На неа, мајка го зема во прегратка штотуку роденото бебенце, откако една година претходно го изгубила плодот поради вонматерична бременост.

Солзите на лицето на мајката кријат неизмерна радост и среќа што конечно може да го прегрне своето мало чедо. „Нашата приказна е прекрасна, исполнета со кршење на срце, надеж и исцелување“ – пишува мајката Лила МекДермид.

Породување Породување Породување Породување Породување Породување

Имено, Лила и нејзиниот сопруг се израдувале на позитивен тест за бременост и веста дека ќе имаат трето дете во декември 2015 година.

Неколку дена откако го направила тестот, Лила имала силни болки и брзо се упатила во ургентен центар, каде ѝ соопштиле дека станува збор за вонматерична бременост.

За време на престојот во болницата ѝ пукнал јајцеводот каде се развивал ембрионот, па морале да ја оперираат и да ѝ го подврзат десниот јајник.

И покрај тоа што ѝ останал еден функционален јајник, Лила успеала повторно да забремени. „Една година по загубата јас го држев најскапоцениот подарок“ – вели таа за бесценетиот момент кога за првпат го зеде во раце своето виножито-бебе.

„Виножито-бебе“ е бебе родено од мајка која претходно имала спонтан абортус, родила мртво бебе или ѝ починало новороденче. (По бура се раѓа прекрасно и светло виножито, кое дава надеж дека сè ќе биде подобро, а токму оттаму потекнува идејата за концептот „виножито-бебиња“.)

Породување Породување Породување Породување Породување Породување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.