Вистинската убавина на жената не лежи во нејзиниот надворешен изглед, туку во нејзината душа. Тајландската компанија за долна облека „Wacoal“ нè потсетува на тоа преку три емотивни видеа, снимени според три вистински животни приказни.
Видеата, кои се дел од кампањата „My Beautiful Woman“, следат три жени кои тивко се жртвуваат и се ставаат себеси на второ место за да му помогнат на некој друг. Нивните стории се раскажани од мажи кои се одушевени од нивната сила, храброст и пожртвуваност.
Во првото видео жена избира нејзиното неродено бебе да живее, ризикувајќи си го сопствениот живот.
Второто видео стана вирален хит, а прикажува млада жена која студира и истовремено се грижи за своето дете. Околу неа постојано кружат озборувања и претпоставки за тоа кој е таткото на малата Џун. Вистината ќе ве изненади.
Третото видео е за млада и амбициозна жена која се откажува од своите соништа за успешна кариера за им се посвети на оние на кои им е потребна помош. Нејзината великодушност ја буди хуманоста кај нејзините колеги.