Почетна » Новости » Занимливости » „Моето тело е чудо“: Мајка на 7 деца, која износи 3 пара близнаци, ги покажа стриите и испрати моќна порака

„Моето тело е чудо“: Мајка на 7 деца, која износи 3 пара близнаци, ги покажа стриите и испрати моќна порака

Мајка на 7 деца ги покажа бројните стрии за да сподели моќна порака за самодовербата.

Мисти Ленг има износено три пара двојајчани близнаци зачнати по природен пат и поради тоа го нарекува своето тело „чудо“. Шансите тоа да се случи се 1 на 500.000.

Мисти Ленг Мисти Ленг

Ленг исто така ги има доено ексклузивно сите свои деца до 6-7 месеци од нивниот живот, а потоа продолжила да ги дои паралелно со воведувањето на цврста храна додека да потпораснат. Првиот пар близнаци таа го доеше до 2 и пол години, вклучително и во текот на втората бременост, а потоа во тандем со нивната новородена сестра. До 2 и пол години цицаа и вторите нејзини близнаци. Инспиративната мајка исто така е донор на мајчино млеко.

На својот профил на Instagram, Мисти постојано споделува охрабрувачки пораки до мајките за самодовербата по породувањето. Таа вели дека жените кои родиле дете треба да ја почитуваат секоја бразда на нивната кожа, бидејќи таа раскажува уникатна приказна за мајчинството.

Бременоста и мајчинството влијаеја на мене од глава до петици: Сега сум многу порасеана, темните кругови околу очите раскажуваат приказна за стотици непреспани ноќи, градите ми се поголеми и поовиснати, рамената и грбот ме болат што ги носам наоколу, понекогаш ме боли жолчката (благодарение на хормоналните промени), стомачните мускули ми се разделени и истанчени, имам вишок кожа на стомакот, лузна од царски рез, стрии од слабината до ребрата, кила која треба да биде оперирана, мочен меур кој си мисли дека е надворешен орган, хемороиди и зголемени стапала.

Носам 13 килограми повеќе отколку пред да станам мајка. Но, не ми пречи. Не би го променила моето тело за ниту едно тело на светот. Ова тело има поминато низ бременост четири пати и ми подари седум здрави и прекрасни деца.

Од седум микроскопски клетки, тоа порасна и роди сè на сè 21,5 килограми бебиња.

Моите гради ги имаат хрането ексклузивно овие бебиња во првите 6-7 месеци од нивните животи, им даваа храна и кога потпораснаа, а исто така хранеа и многу други бебиња. Поминав 6 и пол од изминатите 9 и пол години доејќи по две бебиња одеднаш, понекогаш и по три.

Го почитувам моето тело поради чудото кое што е и сум благодарна за животот кој ми го даде мене и на моите деца.

Моето тело можеби не е совршено според стандардите на општеството, но погледнете го совршенството што го има создадено.

Мисти Ленг

Ја гледате оваа кожа? Оваа кожа се има оптегнувано и собирано четири пати за да се прилагоди на седум мали човечки суштества. По мојата прва бременост (со близнаци) се сеќавам дека врескав кога ја видов таа растегната постпородилна кожа како желе. Кога сме млади (понекогаш и како возрасни) сме учени да го преценуваме нашиот надворешен изглед. За среќа, како што созревав и добивав повеќе неверојатни деца, моите чувства се променија од одвратност во восхит.

Кожата е нашиот најголем орган и е создадена за да го заштитува нашето тело. Оваа кожа има заштитувано 8 животи. Колку е тоа неверојатно, зарем не? Како би можела некогаш да чувствувам нешто поразлично од благодарност за неа? Белезите на мојата кожа, и на кожата на секоја мајка, едноставно се уникатен отпечаток на нашето патување кон мајчинството.

Мајки, почитувајте ја секоја бразда, секоја витка и секоја линија.

Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг Мисти Ленг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11719 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.