Меган Маркл недискутабилно поседува труднички блесок. Бремената Војвотка од Сасекс изгледаше шармантно за време на посетата на центарот на „Royal Variety Charity“, каде се згрижени стотици лица кои работеле во забавната индустрија, но имаат потреба од помош заради старост, влошено здравје или други лоши околности.
37-годишната сопруга на принцот Хари носеше цветен фустан од Brock Collection, сиви обувки од Aquazzura и сиво палто од канадскиот бренд Soia & Kyo.

















