Џинови, врколаци, сирени, чудовишта со повеќе глави пристигнаа во Скопје, во Рамстор Мол! Митските суштества кои досега сме ги сретнале само во легендарните приказни, од денес може да ги видите во нивната вистинска големина на единствената изложба во Рамстор мол која ќе трае до 29-ти септември.
Цел месец ќе имате можност да се сретнете, сликате со нив, а и да научите нешто повеќе за суштествата кои оставиле белег во преродбите на многу народи, многу, многу одамна.


„Ја имаме таа чест да ја претставиме оваа светска изложба за прв пат во Македонија и регионот. Среќни сме што на своите потрошувачи цел месец им нудиме поинаква забава која е воедно и едукативна за помалите. Покрај тоа што секој ќе има можност да ги види највлијателните митски суштества на сите времиња, најмладите секоја сабота и недела од 12.00 до 13.00 и од 16.00 до 17.00 часот ќе можат да ги чујат чудесните приказни раскажани од Духот на дрвото и да учествуваат во организираните работилници од 13.30 до 15.30 часот”, изјави одговорниот Координатор на оваа изложба во Рамстор Мол.
Ако Ве праша некој дали сте го виделе Неси или Морската сирена, одговорете „Да”, тие постојат цел месец во Рамстор Мол!
Од 29-ти август до 29-ти септември уживајте во чудесните приказни за Митските суштества и научете од каде потекнуваат и како настанале.




Комерцијален текст