Почетна » Новости » Занимливости » Миранда Кер го покажа домот во Малибу каде живее со основачот на Snapchat и трите синчиња

Миранда Кер го покажа домот во Малибу каде живее со основачот на Snapchat и трите синчиња

Миранда Кер ги отвори вратите од својот дом во Малибу за MyDomaine.

За првото дигитално издание на списанието посветено на дизајн и декор, 38-годишниот модел позираше низ просториите на домот во кој живее со сопругот Еван Спигел и трите синчиња – 10-годишниот Флин, 3-годишниот Харт и едногодишниот Мајлс.

Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер

Кер го купи имотот во Малибу во 2014 година и го реновираше во нејзин вкус. Таа ги сруши ѕидовите на бањата и сега кадата се наоѓа во спалната соба. Ова е дизајн кој некогаш бил нејзин сон, а сега е реалност.

„Отсекогаш сакав да имам бања во мојата спална соба, а сега го имам. Порано, кога бевме само јас и Еван, имавме многу ноќи поминати во кадата. Сега се бањам со моите бебиња“ – рекла славната манекенка.

Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер Домот на Миранда Кер

Во интервјуто, Кер зборуваше и за нејзината козметичка компанија KORA, која продава органски производи за нега на кожата. Истата, таа ја основала откако на нејзината мајка ѝ бил откриен рак на слезината.

„Бевме шокирани колку потенцијално канцерогени можат да бидат состојките кои се достапни на пазарот. Кожата е најголемиот орган, па она што го ставате на кожата се впива во неа, затоа е многу важно да има сертификат дека е органско“ – рекла таа.

Домот на Миранда Кер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11958 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.