Битолчанецот Д. Н. стана милионер. Дваесет и едногодишното момче се израдува на 18-тиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на ДВЛМ. Добивката вредна 1.439.321 денари ја освои во Клуб Спорт 77 Евротип во Битола на 30.10.16.
Најновиот милионер на ДВЛМ е од Битола. Младо и насмеано момче, кое е желно за забава. А токму таа го донесе во текот на викендот на среќната локација. Ни откри дека ова не е негова прва добивка, но е најголемата досега. Добивката ја очекувал, токму и затоа и играл на видеолотариските терминали. Во моментот кога се случил среќниот момент, од возбуда му се завртило во главата. Трпеливо го чекал следниот ден, за да се упати во Скопје по среќниот чек на добитниот износ од 1.439.321 денари. Ни раскажа дека веќе има план како ќе ги потрошни среќно освоените пари. За почеток ќе се поднови со автомобил, а потоа ќе ги исполни и желбите на членовите на неговото семејство.

Добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни годинава. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 18 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 24.809.721 денари. Покрај нив, освоени се и 2233 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 16.730.972 денари.
Државна видеолотарија на 12 октомври под мотото Играј за забава, го започна промотивниот караван во чии рамки носи многу изненадувања, подароци и забава за сите играчи на видеолотариските терминали ширум Македонија. Досега реализиравме промоции во Скопје, Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид и Струга. Следнава недела се дружиме со вас на:
- 02.11.16 во Куманово
- 03.11.16 во Крива Паланка и
- 04.11.16 во Кратово
Ве очекуваме.