Почетна » Новости » Занимливости » Мила Кунис се лекува од зависност од дрога во емотивниот трејлер за новиот филм снимен според вистинска приказна

Мила Кунис се лекува од зависност од дрога во емотивниот трејлер за новиот филм снимен според вистинска приказна

Мила Кунис влезе во улога на зависничка од дрога во новиот филм „Four Good Days“.

Филмот е снимен според вистинска приказна, а го следи лекување на Моли (Мила Кунис) со помош на нејзината мајка Деб (Глен Клоус). Сценариото е напишано од добитникот на Пулицерова награда, Ели Саслоу.

„Four Good Days“ ги прикажува круцијалните денови од опоравувањето од зависноста од опоиди на Моли. И покрај лошите односи во минатото, нејзината мајка Деб целосно ѝ се посветува за да ѝ помогне да излезе од канџите на дрогата и да си ги врати нејзините деца.

Погледнете го емотивниот трејлер за „Four Good Days“:

Светската премиера на филмот беше на 25 јануари 2020 година, за време на Филмскиот фестивал „Sundance“. Планирано е филмот да започне да се прикажува на 30 април годинава.

Мила Кунис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.