Почетна » Новости » Занимливости » „Ми се чинеше дека моето дете ми вели 'Мамо' стопати на ден, ги броев и беа многу, многу повеќе“

„Ми се чинеше дека моето дете ми вели 'Мамо' стопати на ден, ги броев и беа многу, многу повеќе“

Мајка одлучила да изброи колку пати во еден ден тригодишниот син ќе ѝ викне „Мамо“, а резултатот бил многу повеќе од очекуваното.

Лорен Гордон е мајка која работи од дома, па најголем дел од денот го минува со синчето. Таа вели дека понекогаш ѝ доаѓало да избега од дома на неколку минути, бидејќи постојано слушала „Мамо, мамо, мамо“.

„Започнав да се прашувам дали ова е нормална реакција. Веќе претпоставувате дека не мислев буквално да го напуштам моето семејство поради моите фрустрации, но навистина се прашував дали мојата вознемиреност е апсурдно висока“ – пишува таа.

Лорен Гордон

Откако разговарала со сопругот и со неколку пријателки кои ѝ потврдиле дека пречесто го слушаат зборот „Мама“ од децата, таа одлучила да брои.

„Ќе бидат најмалку 100 на ден, така?“ – ги запрашала пријателките и тие потврдиле.

Тој ден, Лорен се разбудила во 6:15 наутро и ја започнала својата мисија. Само во првите 9 минути, синчето ѝ довикнало 17 пати. До крајот на денот, тој број се зголемил на 330 пати.

Лорен Гордон Лорен Гордон Лорен Гордон Лорен Гордон

Вистинската причина зошто избрав да се измачувам себеси беше за да покажам дека она што јас и другите родители го постигнуваме во еден ден е навистина чудо. Помеѓу сите тие ‘Мамо’ јас работев, готвев, играв, утешував, гушкав, чистев, пазарев, се туширав, јадев и уште многу други нешта.

Кога мајките се жалат дека се ментално преоптоварени, за ова зборуваат. Зборуваме дека иако обожаваме да поминуваме време со нашите деца и се гордееме што им сме извор за сè, сè уште сме натоварени психички и емоционално што некому сме му потребни толку многу.

Благодарна сум што сум мајка. Благодарна сум што тој може да зборува и сум среќна што можам да му го слушам слаткото гласче. И покрај тоа што времето со него во работните денови ми е стресно, вистински дар е што имам можност да бидам во негова близина. Сите тие работи се точни, но сè уште ми е дозволено да бидам истоштена на крајот од денот.

Сега, замислете како е со повеќе деца дома.

Им се обраќам на оние кои немаат деца: Ако видите мајка или татко на крајот од нивните долги денови, знајте дека тие извршиле цела планина задачи со повеќе од 330 одвлекувања на вниманието. Бидете љубезни со нив.

До родителите кои чувствуваат дека полудуваат: Ви ветувам дека не полудувате. Вашето дете навистина е напорно и во ред е да бидете фрустрирани поради тоа. Бидете љубезни кон себе. Искрено, го заслужувате тоа.

Лорен
Лорен Гордон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11972 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.